Monday, December 17, 2012

Македонски блог за 2012 година

На 13 декември, како дел од проектот „Сајт на годината“, беа прогласени најдобрите македонски сајтови за оваа година, во повеќе категории. Во категоријата најдобар македонски блог за 2012 година победи desdemona39.blogspot.com. И овде започнува циркузијадата.


За македонски блог на годината да биде прогласен блог со само 17 написи (и за годинава и воопшто) не е ниту од далеку објективно. Знам за барем десетина македонски блогови кои што оваа година, во просек месечно вадеа по толку (некои и двојно повеќе) блогнаписи. Дизајнот на победничкиот блог не е ништо спектакуларно, обичен шаблон од Blogger. Исто така не гледам нешто којзнае колку иновативно.

Во услови кога постојат поголем број македонски блогови со Pagerank 4/10, Pagerank-от на победничкиот блог е 0/10. Со вкупно два коментари, од кои едниот на денот на прогласувањето за најдобар блог, не би рекол дека победничкиот блог има којзнае каква интеракција со посетителите. А и неговата посетеност (доколку е некоја огромна) не може јавно да се утврди, нема поставено бројач.

Каков ли им бил критериумот на жирито (60%), кое покрај гласачите преку интернет (40%), го избира овој блог за најдобар македонски блог на годината, само тие си знаат. Не знам за другите категории, но ако се суди според изборот во оваа категорија, самиот проект поддржан, меѓу другите, и од Министерството за информатичко општество и администрација е една голема смешка.

[Честитки за авторот на desdemona39.blogspot.com, како и до сите останати наградени. Немам лоша мисла кон овој блогер, проблемот и не е до него, туку до организаторите]

No comments: