Monday, December 17, 2012

Антимакедонска кампања во бугарски медиум

На еден од најпопуларните бугарски сајтови Blitz.bg, на крајот на минатиот месец (30 ноември, 2012), објавена беше провокативната и навредлива статија: „Македонците го украле знамето од Јапонската флота“. Во истата таа статија е цитиран докажаниот провокатор и македонофоб Божидар Димитров, кој што и овој пат не испушта да прокоментира на својата омилена тема и вечна фрустрација, Македонија:

„Македония е на път да се забърка в нов международен скандал, след като открадна знамето на Японския императорски флот и го превърна в национален символ.“

Превод:

„Македонија е на пат да се внесе во нов меѓународен скандал, откако го украде знамето на Јапонската императорска флота и го претвори во национален симбол“

Сакам да потенцирам дека ваквите бугарски статии кои се навредливи за Македонците, и отстапувањето на место во бугарските медиуми на неурамнотежени, злонамерни личности како Божидар Димитров, допринесуваат во голема мера за заладувањето на односите меѓу двете земји и двата народи.

На ваквите смешни обвинувања на Димитров, некој македонски медиум, сосема легитимно според истата логика, би можел да ги обвини Бугарите дека го украле бугарското знаме од Унгарија* и со тоа набојот на негативна енергија уште толку би се засилил.

Ако Бугарите вистински сакаат да градат добрососедски односи со нас, тогаш наместо да обвинуваат дека во Македонија се води антибугарска кампања, треба пред сè да поработат во својот двор.

*се работи за знаме со исти три бои, распоредени по различен редослед.

No comments: