Во селото Разловци, каде што во 1876 година македонскиот народ со крв го натопил својот вековен идеал за слободна и независна Македонија, се наоѓа христијанскиот храм „Свети цар Константин и царица Елена“. Она што е посебно интересно за оваа црква од пијанечкиот регион, е тоа што покрај фреските на светци, во неа можe да се видат насликани и поголем број на осум и шеснаесетзрачни сонца, слични на оние на античката македонска династија Аргеади.
За разлика од сонцето од Кутлеш (Вергина) кое што е откриено дури во 1977 година, сонцата од црквата „Свети цар Константин и царица Елена“ никогаш и немало потреба да бидат откривани. Од нејзината изградба во околу 1850 година, па сè до денес, тие духовно го просветлуваат секој оној кој што ќе влезе во неа, немо сведочејќи за античкиот континуитет на Македонија и на Македонците.
Текст: Александар Стеванов; Фото: Радмила Симевска [објавено во Македонска Ризница, бр. 10 и MKD-news.mk]
2 comments:
Macedonian sun - Razlovci
Македонски 8- краки сонца во црквата во Разловци од 1850 година, слични на Сонцето од Кутлеш (пронајдено во 1977), доказ за континуитетот на традицијата на обожавање на сонцето на просторите на целиот регион Македонија.
Шеснаесеткракото сонце во резба (Жанета Здравковска, Дневник)
Античките симболи, пак, како код што се провлекува низ вековите, се зачувани до денес во македонската резба. Битолскиот копаничар Злате Kрстевски вели дека сонцето што во минатото било на облеката на македонската војска до денес е континуитет во копаничарството.
- Сонцето како симбол на вечниот живот многу често е изрезбарено во иконостасите, крај распетието, на владичките тронови, царските двери, балдахините и друго. Честопати тоа е шеснаесет или осумзрачно - вели Kрстевски.
Во книгата „Симболи на македонското копаничарство“ тој посочува дека шеснаесетзрачното сонце е изрезбарено на владичкиот стол на мајстор Стојко од Оровце, Радовишко, 1505-1506 година, за манастирот „Свети Прохор Пчински“. Потоа, на иконостасот во црквата „Свети Ѓорги“ во Лазарополе, во 19 век има изрезбарено повеќезрачно сонце во црквата „Свети Димитрија“ во Битола, на тронот е изрезбарено шеснаесетзрачно сонце и на многу други места.
„Дневник“ деновиве, повикувајќи се на Kрстевска, магистер по фрескосликарство и иконографија, објави дека фреската во Сливница е идентична на онаа од Варлам на Метеорите насликани во 17 век, а се верува дека фреските ги работел македонскиот зограф Никола.
Post a Comment