Во уводниот дел на првиот број на весникот Македонија објавен на 21 октомври 1888 година, меѓу другото, е запишано:
„Ние Македонците ... не треба да си ја забораваме татковината и должни сме да работиме за подобрувањето на нејзината положба, зашто како народ ќе бидеме одговорни пред нашето потомство.“
Иако од пред дури 124 години, овие зборови отпечатени во весникот на македонскиот национален деец и публицист Коста Шахов, поради склоп на историски случувања се сè уште актуелни и ден денес.
Во услови кога на Македонија од едни ѝ се негира името и историјата, од други народот и јазикот, а од трети територијалната целовитост, Македонецот мора повторно да се бори за своето место под сонцето и мора одново да го докажува своето природно право на постоење и самоидентификација.
„Задача на весникот Македонија“, пишува понатаму во уводниот дел на истиот број „е да се бори за духовно и културно издигање на Македонците.“
Е-списанието Македонска ризница, и со овој јубилеен десетти број, ја продолжува таа тешка, но благородна мисија на нашите преродбеници за афирмација на македонската историска и културна посебност и, конечно, на правото на Македонецот да остане свој на своето.
Александар Стеванов, издавач
No comments:
Post a Comment