Friday, February 08, 2013

Балканскиот бисер Македонија

На холандскиот туристички веб сајт de nationale vakantie krant, со наслов „Балканскиот бисер Македонија“ (De parel van de Balkan Macedonië) публикуван е напис посветен на убавините на Македонија и на македонски туристички центар Охрид. Во написот, кој што моментално се наоѓа на насловната страна, меѓу другото пишува:

„Македонија е убава и идеална дестинација за одмор. Секоја година популарноста на оваа фасцинантна земја расте и тоа не е за изненадување.“


Се надеваме дека годинава ќе имаме зголемен прилив на холански туристи во Охрид.

А.С и Благојче Андонов

No comments: