Се чини дека со изборот на актуелниот претседател, Бугарите воедно си добија и министер за Македонија. На местото на доскорешниот министерот за емиграција, дежурниот провокатор Божо Димитров, сега рака под рака се поставија бугарскиот премиер и недораснатиот бугарски претседател.
Недамна Плевнелиев изјави:
Недамна Плевнелиев изјави:
„Проектот „Скопје 2014“ е провокативен и нема сличен на него во регионот.“[1]
Оваa негова смешна изјава, со која во Македонија создава лош имиџ за Бугарија, е дадена за емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија (БНТ).
„Според него, проблеми меѓу луѓето што живееле од двете страни на границата немало, но проблемот бил во т.н. политика на антиквизација што ја воделе властите во Скопје, која повеќе создавала лажна илузија отколку, како што вели, давала конкретни решенија за иднината.“[1]
На ваквите негови обвинувачки изјави кои претставуваат директно мешање во внатрешните работи на Македонија, би му го кажал она што некогаш го кажал Гоце Делчев „официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија.”[2]
[1] „Плевнелиев ги минира преговорите со Македонија“, Нова Македонија, 21.1.2013
[2] „Гоце Делчев – легенда на македонското национално ослободително движење“ Македонска Нација, 18 Август 2010
No comments:
Post a Comment