Wednesday, February 20, 2013

Партиски послушници

И додека дел од поддржувачите на партијата на премиерот се сокрија  во глувчја дупка поради, на негов предлог, назначениот командант Форина за министер за одбрана, други се дрзнаа оправдувајќи го ВМРО-ДПМНЕ, вината да ја префрлат на нивните политички опоненти.

Имено виновни биле СДСМ затоа што тие први коалицирале со терористите и затоа што во Владата на Бучковски, Талат бил заменик министер за одбрана.

Иако горенаведеното е точно, сепак во случајов не претставува ништо друго туку ефтин обид за пронаоѓање алиби за сопствените грешки. Ако народот беше задоволен од владеењето, вклучително и конкретниве постапки, на СДСМ немаше на неколку избори по ред да ги казнува со недоверба. Ако народот сакаше да продолжи лошото владеење на СДСМ немаше воопшто својот глас да го даде за ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на чело со ВМРО-ДПМНЕ не ја доби довербата на народот за да продолжи да ги прави грешките кои што ги правел СДСМ, а напротив, за тие грешки да престанат да се повторуваат. Ако и премиерот мисли да влече исти погрешни потези како СДСМ претходно, и ако мисли да ги повторува нивните грешки, која е тогаш разликата? Зошто на наредните избори да гласаме за неговата партија, кога нема разлика?

Со ваков начин на размислување и постојана потрага по оправдување, наместо прифаќање на одговорноста, може апсолутно секое недело да биде оправдано. Без оглед дали се работи за кражба, тепачка, убиство или геноцид, сите нив ги оправдува „првичниот грев“ на Адам и Ева и сè  некој друг станува виновен.

Утре ако недај боже Владава посегне по името, истиве овие партиски послушници одново ќе се јават и во обид да ги оправдаат нивните идоли ќе кажат „да, ама Бранко прв го смени името“. Жално.

1 comment:

Makedonka Trenkoska said...

Жално е што авторот мисли дека НГ ги прави истите грешки како БЦ! Не се согласувам воопшто со тоа бидејќи во време на БЦ се случи приватизација на претпријатијата и илјадници македонци останаа на улиица. Во време на БЦ не се субвенционираше ниту една економска гранка во развој! Да не редам понатаму ќе се изнервирам само сакав да кажќам дека не треба да му се даде шанса на БЦ да си ги повтори грешките!