Wednesday, February 20, 2013

Северинa го остави Милан или пак тој неjзе?

Завчера (февруари 18, 2013 во 11:26) на порталот „Без пардон“ беше објавен написот „Ја остави Северина, ама ја ќари ќерката на Драган Бјелогрлиќ“, во кој што спротивно на насловот се тврди дека не Милан нејзе, туку дека Северина го оставила него.


Во недостаток на идеи, некои новинари од македонските портали препишуваат/преведуваат „трач муабети“ од соседна Србија (од таму им се најлесни за превод) за неважни нешта и силикони и на нив си се потпишуваат. Најтрагично е што дури и без самите да разберат за што всушност станува збор, објавуваат вакви конфузни статии кои што себеси си противречат, па со тоа на оскудната и тривијална информација која што ја соопштуваат и ја поништуваат вредноста во целост. Или во превод она што го кажуваат е исто како ништо да не кажале.

Види и: „Little China girl

No comments: