Ова денес го предадов во училиштето на моето дете. Доколку некој друг се согласува, го охрабрувам да го преземе и предаде на Министерството за образование како свој став.
До: О.У. Владо Тасевски, Скопје
Почитувани,
Со ова би сакал да го изразам мојот протест за дел од наставната програма за 3то одделение, според која го образувате моето дете.
Имено, станува збор за програмскиот дел наречен : „УЧИМЕ ЛАТИНИЦА“.
Имено според таа програма, моето дете се учи дека постои некаква „Македонска латиница“ !??
Почитувани, Македонскиот јазик има само едно - Македонското Кирилско Писмо.
Тоа е кодирано во Македонскиот Правопис, издаден со уредбата на Народната Влада на Македонија на 7ми Јуни 1945 год каде уште во првиот член јасно е наведено:
“Македонската азбука има 31 буква:
а,б,в,г,д,ѓ,е,ж,з,ѕ,и,ј,к,л,љ,м,н,њ,о,п,р,с,т,ќ,у,ф,х,ц,ч,џ,ш.“
Дека едиствено писмо на Македонскиот јазик е кирилското писмо, јасно е наведено и во член 7 од највисокиот закон во земјата – Уставот на републиката каде кој вели:
„Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.„
Оттука, како правно, така и практично, неосновано е обазованието на моето дете на писмо кое не егзистира во правниот промет на земјата, а кое нема практична примена.
Во книжевноста постои категорија ТРАНСЛИТЕРАЦИЈА од писмо на еден народ на писмо на друг, па така Македонското писмо за потреби на фонетско разбирање при комуникација со туѓи граѓани може да се транслитерира на германското писмо (кое е латинско, па сепак, не учи според него), англиското, кинеското или арапското, но зошто би транслитерирале на некакво си „Македонско латинско писмо“ кое според она што го гледам е транслитерација на Хрватско писмо со две додадени измислици (g,k) без автор !!!????
Молам итно оваа програмска единица да се исфрли од наставната програма на дечињата од основното образование, како правно неоснована и непотребна.Скопје, 04.02.2013Дарко Ѓорѓиев
3 comments:
„транслитерира“ ??? Не ми треба превод, ама очигледно тебе ти треба.
Чуму транслитерација?
Каква е потребата да постои транслитерација на Кирилските букви на Латински?
Може да биде само од практична природа. Иако современиот софтвер денес на сите оперативни системи во себе содржи поддршка за македонското писмо, сепак да оставиме далечна можност дека кај некој наш сограѓанин кој не бил доволно компјутерски образуван , не била инсталирана поддршката за Македонски јази, иако тоа е малку веројатно.. но сепак да оставиме можност.
Тогаш, и само тогаш може да се јави потреба некој наш сограѓанин да сака да општи со друг таков, на својот јазик , а да мора да употребува латинско писмо.
Оправданието да се учи „македонска латиница“ наведена во учебникот за 3то одделение во основните училишта во Македонија е следната: За да ви биде полесно кога ќе учите туѓи јазици, и да ги познаете буквите, ќе се запознаеме со латинската абецеда??!!!
Ова е далеку од здравиот разум и просто е стаписувачко. Несфатливо е како некој можел да напише такво нешто, а уште повеќе што читала таа комисија која го одобрила ова. Тоа е јасно од следните причини:
- Ова претпоставува дека наставната програма на странскиот јазик кој ќе го учат децата, не содржи учење на латинските букви на соодветниот јазик, што е вон памет и без секава здраворазумна логика!!!
- Децата од 3то одделение , веќе во првото одделение започнуваат да учат странски јазици, и се запознаваат со нивните писма,
- Не секое дете ќе учи туѓ јазик, чиво писмо е латинското, има деца кои учат Руски, Индиски, Кинески, Јапонски, чиво писмо не е латинско.
Транслитерацијата како минорна потреба на македонското население е минорна. Јасно е дека ваквата образовна пракса е рецидив од југословенско време, т.е. е резултат на инертноста и кусогледоста на луѓето во образовниот апарат кои се вклучени во образовниот процес во Македонија.
Транслитеразијата со која се затрујуваат чистите детски умови е резултат на југословенизмот и духот кој тој го носел со себе за унифицирање на се но на сметка на се што е Македонско, и негова замена со туѓо.
Притоа како основна алатка во оваквата транслитерација е земена хрватската латиница на Људевит Гај, прифатена од Србите. Не е земена како основа новата lingu franca – англискиот јазик, како најрачирен светски јазик, туку – некој кој е позгоден за асимилација. Притоа е јаснои дека практичниата димензија на транслитерацијата е фрлена настрана – како неважна, притоа имам предвид дека во современиот софтер, за да имате и ваклва латинска поддршка треба да инсталирате хрватска или Србска поддршка.
Притоа како дополнителен хумористичен детал може да послужи фактот дека непознат автор измислил две нови латински букви за Ќ и за Ѓ, ( „K“ I „G“ , со апостоф озгора, за жал не може да се прикажат, зошто овие карикатури ги нема во совбремените софтверски апликации)
Значи, некој сакал да ни всади туѓо писмо во подсвеста, а инерцијата прави тоа да си го чиниме сега самите на себе како општество.
Добар дел од измиените мозоци , плакнети со таквата хрватска латиница, тешко можат да го сватат концептот на транслитерација, Па така наместо транскрипција – при комуникацијата со светот го користат она кое го учеле во детството – транслитерирана хрватската латиница, и притоа се ставаат себе си и својата земја на подсмев за недоветност.
Примерите се безбројни од таблите на влез од градовите (Stip кој стои на туѓинците користејќи го Англискиот ко читаат како Стип, Skopje – Скопџе, Caska – Саска, па до најперверзните и деловно самоубиствените кога извозник го насловува својот продукт наменет за извоз во Англија како “Ajvar” – кој таму ќе го читаат како „АЏВАР“ и “Ljutenica“ – читана од англичаните како „ЕЛЏАТЕНИКА“, нешта кои немаат ни суштинска ни фонетска смисла, освен фактот дека се алатка за подсмев кон Македонците во целост)
Тажната состојба се продлабочува кога дел од така востиптаните деца со проплакнат мозок ќе станат чинители во тргоскиот шивот во Македонија, и почнат да пласираат продукти Од Македонски производители, наменети за македонски потрошуваши – на т.н. „Македонска Латиница ) Тукла предничат како поголеми производители како Битолска Млекара – Bitolko svezo mleko, biloski jogurt, (инаку сопственост на спрки капитал), Витаминка прилеп, Сончева Долина, Виталиа,
Значи учењето на т.н „македонска латиница“ освен што е нефункционална, таа е и контрапродуктивна, ги збунува децата, кое е Македонското писмо всушност, .. ги лаже дека постои некаква “македонска латиница“, нема вистинска употребна вредност, пардон нема ПОЗИТИВНА употребна вредност, туку служи за изместување на централното место на Македонското писмо – кирилското писмо во општествениот живот во Македонија, и се разбира како средство за исмевање на Македонија и Македонците, како народ кој не разликува свое од туѓо писмо, не знае што пишува – и за кого е наменето тоа што го пишува.
Post a Comment