Завчера, премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, го обвини лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски дека го променил името на Македонија (Груевски: За името одлучува народот, Република, 3 февруари 2013):
„Како пред 20 години, кога во договор во четири очи, тајно и конспиративно го промени името и потоа викаше дека тоа ќе било за само два месеца, а потоа дека се ќе се врати по старо. Не се чепкај Бранко за името. Народот памети и одлучува. Запамети го тоа.“
Всушност, иако на политичката сметка на Црвенковски можат да се припишат повеќе негативни заслуги по прашањето на името, тој го нема променето името на нашата земја и тоа повеќе од 20 години е исто, Република Македонија. Доколу премиерот алудира на приемот на Македонија во Обединетите Нации под привремената референца, тогаш важно е да се знае дека тоа не претставува промена на име. Референцата под која што сме примени во ООН не е име и затоа не може да се прифати дека со тоа името се променило. Референцата под која што сме примени во ООН, е референца, а не име, што е утврдено и во резолуцијата 817
„this State being provisionally referred to for all purposes within the United Nations as "the former Yugoslav Republic of Macedonia“
На овој блог во написот „10 Мита за грчко-македонскиот спор“ од 7 јуни 2010 година, како и во повеќе други беше пишувано токму за оваа проблематика.
„...ниту "the former Yugoslav Republic of Macedonia" не е име туку привремена референца за користење во ООН.“
Ристо Никовски, еден од најголемите познавачи по прашањето на името на Македонија, во својата колумна „Глупоста наречена нова референца“ од 5 април 2012 (09:22), во врска со тоа дека привремената референца не е име, вели:
Референцата ние никогаш не ја прифативме и таа нас воопшто не не обврзува. Македонија нема потпишано никаков документ со неа. Таа не е име ниту некаква деноминација, туку само начин како, привремено, земјата да се ословува, во рамките на системот на ООН.
За овие деликатни работи, државните функционери, а послебно оние на врвот треба повеќе да внимаваат како се изразуваат и да не се лажат во трката по ситни политички поени да изнесуваат штетни за Македонија дезинформации.
No comments:
Post a Comment