Friday, February 22, 2013

Терорист во Брисел

Отворено писмо до НАТО и до градските власти во Брисел:

Почитувани,
Според информациите кои што стигнаа до нас [1], се очекува во текот на денешниот ден, во Брисел да пристигне опасен терорист. Тој во минатото се има сокривано зад идентитетот на борец за човекови права, а според истите информации кои што стигнаа до нас, сега тој ќе биде маскиран како министер за одбрана.

Негова крајна цел е седиштето на НАТО, односно Состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО. Се надеваме дека ќе ги преземете сите неопходни мерки за обезбедување и превенција од терористички напади.

[1] „Џафери утре во посета на Брисел“, Maxim, 21. февруари 2013 - 14:22

No comments: