Friday, February 22, 2013

Исправена грешка

На 3 февруари 2013 година, на овој блог беше објавен написот „Блажени се...“ во врска со тоа што на сајтот на фармацевтската компанија TEVA, како знаме на Република Македонија, наместо актуелното, беше поставено она од времето на СФРЈ.

По тој повод, според информациите кои што стигнаа до мене, неколкумина пратиле протестна порака до посочената на сајтот адреса. Меѓу оние кои што реагирале е и Б.К. а во продолжение ви го претставуваме нејзиното писмо испратено уште во истиот ден кога написот беше објавен:

Почитувана г-ѓо Петровац,

Реагирам поради несмасното изготвување на Вашата веб страна, каде наместо да стои државното знаме на Република Македонија кое е во употреба од 1995 година, стои знамето на Социјалистичка Република Македонија кое беше во употреба во времето на поранешната СФРЈ.

www.tevapharm.com


Ве молам да реагирате на соодветно место ова да се исправи.

Во прилог е линк каде ќе можете да го видите државното  знаме на денешна Република Македонија.

mk.wikipedia.org


Се надевам дека ќе сторите сè да се исправи оваа несмасна грешка.

Искрен поздрав

Со задоволство ви соопштуваме дека сега, благодарение на реакциите, грешката со македонското знаме, на сајтот на фармацевтската компанија TEVA  е исправена. Погледенете и сами на принтскринот или пак преку директна посета на веб сајтот на TEVA - врска.


Можеби овој успех е како само една капка во океанот, но што е океанот ако не множество од капки? ("What is any ocean but a multitude of drops?" - David Mitchel)

No comments: