Блажени се оние кои што не знаат дека под притисок на Грција, во 1995 година, моравме да го смениме знамето со шеснаесеткрако златно сонце.
Блажени се и оние кои што не знаат дека воопшто имавме такво знаме, а мислат дека актуелно знаме на Македонија сè уште е она од 1946 година.
Токму такви се од фармацевтската компанија TEVA. Наместо актуелното знаме на Македонија, со осумкрако златно сонце, тие на нивниот сајт, како знаме на нашата земја, го имаат поставено знамето на Македонија (Н.Р. Македонија, С.Р. Македонија и Р. Македонија) од 1946 до 1992 година, со петокрака - врска.
А.С. во соработка со Благојче Андонов
No comments:
Post a Comment