Вчера, на промоцијата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалиник на Скопје, Коце Трајановски, премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, истакна дека (Груевски: За името одлучува народот, Република, 3 февруари 2013):
Како одговор на ваквиот јавно изнесен став на премиерот, ќе се послужам со извадок од еден неодамнешен текст на претседателот на СМК, Тодор Петров (РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО? НИКОГАШ! 24 јануари 2013):
„Само народот може да одлучи дали, кога и како би се менувало или не, името на државата... Само народот може да одлучува за името и тоа на јавно распишан, организиран референдум“
Како одговор на ваквиот јавно изнесен став на премиерот, ќе се послужам со извадок од еден неодамнешен текст на претседателот на СМК, Тодор Петров (РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО? НИКОГАШ! 24 јануари 2013):
„Прашањето за државното име е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година кога македонскиот народ и граѓаните во апсолутно мнозинство одлучија дека се “за самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите! Без исклучок!
Нов референдум нема да биде референдум за одбрана на државното име Македонија, туку за негова конечна промена!
Референдумот не може да биде алиби за неспособноста на власта и опозицијата да стават крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед Атина! Се’ додека се разговара за државното име Македонија, сите ќе не понижуваат и уценуваат, секогаш и насекаде.“
1 comment:
Македонскиот народ од секогаш знаел кое е името на Македонија, му порачаа иселениците на Груевски
„Зарем народот не знае кој е и кое му е името, па сега пак да мора да одлучува? Срамота!“. Ваква порака му испратија иселениците од Австралија на премиерот Никола Груевски, по вчерашната негова изјава дека народот на референдум ќе одлучи за името на државата.
Македонскиот народ одсекогаш знаел кое е името на Македонија и нема потреба повторно да одлучува, ниту пак некој има право да го стави во неизвесност македонскиот народ, порачуваат иселениците и додаваат: Доста се пазари и профитира со името! Ние знаеме кој сме и секогаш ќе бидеме македонци!
Реакцијата на иселениците следи по обраќањето на премиерот во неделната промоција на кандидатурата на Коце Трајановски за градоначалник на град Скопје. Пред членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ Груевски рече:
-Сега во последно време гледам дека го враќаат во игра името. Ја вадат темата повторно. Откако со насилство и со бојкот им завршија голема работа на оние кои ја попречуваат Македонија во европските интеграции и тоа не им е доволно сега пак почнаа да шпекулираат со името. Сакам да му кажам на Бранко, еднаш сум кажал, два пати сум кажал, безброј пати сум кажал, тоа го има и во нашата програма : Името е на државата! Името е на народот! Народот може само да одлучува за името и тоа на јавно распишан организиран референдум. Нaродот може само да одлучи дали и кога и како би се менувало или нема да се менува.
Груевски потсети дека Бранко Црвенковски тајно и конспиративно го променил името, а после тоа викал дека тоа било само за два месеци.
-Не се чепкај Бранко за името, народот памети и народот одлучува. Запамети го тоа! – му порача Груевски на лидерот на опозиционерите.
Post a Comment