Откако Бугарија го блокираше добивањето на датум за започнување на преговори на Македонија со ЕУ, бугарскиот премиер Бојко Борисов лицемерно изјави дека Бугарија сепак продолжувала да биде добар пријател на Македонија и дека ќе дадела поддршка за зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО.
Ако Бугарија навистина мислеше да дава поддршка за Македонија на нејзиниот пат во ЕУ и НАТО, немаше воопшто да нè блокира. Зарем Борисов мисли дека во Македонија пиеме нафта.
Од друга страна пак, српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Србија сакала и понатаму да продолжи да биде најдобар пријател на Македонија и не излажа. [2] Сведоци сме дека во Србија, во повеќе градови, како службен јазик беше воведен и македонскиот.[3]
Која соседна земја може да се смета за вистински пријател на Македонија, излишно е да се потенцира.

[1] „Борисов: Македонија мора да ги исполни критериумите“, Sky: „Бугарија останува добар пријател и ќе и даде поддршка на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.“
[2] „Дачиќ: Немаме претензии кон Македонија, ние сме ваши најдобри пријатели“, Kapital: „Ве уверувам сите во Mакедонија кои што можеби имаат поинакви погледи, или некакви сомнежи. Србија не само што нема никакви претензии кон Македонија, ниту на нејзиниот територијален интергритет и суверенитет, нити националниот идентитет, напротив ние сакаме да продолжиме да бидеме најдобриот пријател на македонскиот народ и македонската држава“
[3] „Македонскиот стана официјален јазик во уште една општина во Србија“, Maxim, 19. февруари 2013 - 9:38
No comments:
Post a Comment