Tuesday, February 19, 2013

Огледалце огледалце мое...

И додека УЧКите бесрамно провоцираат и свесно ги нарушуваат меѓуетничките односи во Македонија (ФОТО: „УЧК на чело на АРМ“ | A1ON), на FB станата на премиерот се занимаваат со бришење на коментари на Македонци загрижени за својата земја. Сиве коментари прикажани на принтскринот, како и стотици, а можеби и илјадници други коментари претходно, сега се избришани од FB страната на премиерот.

Како што може да се види, коментарите, со оглед на настанот се релативно пристојни, не се вулгарни, а ниту пак во нив се користат пцости или закани.


Кога некому не му се допаѓа сликата на својот одраз во огледало, и да го скрши огледалото со тоа нема да ја смени реалноста за сопствениот изглед. Негативниот впечаток и револтот кој што го има народот по повод назначувањето на УЧКата за министер за одбрана, ништо не може да го избрише.