Во југословенската стрип едиција „Никад робом“ (Nikad robom), македонските стрип автори Миле Топуз (роден: 1932 година, Кочани) и Драган Ташковски имаат објавено поголем број на свои стрипови[1]:
- (NIKAD ROBOM 109) Hacon (D. Taškovski – M. Topuz) 1967
- (NIKAD ROBOM 112) Kralj Prebond (D. Taškovski – M. Topuz) 1967
- (NIKAD ROBOM 126) Car Samuil (D. Taškovski – M. Topuz) 1967
- (NIKAD ROBOM 134) Kliment Ohridski (D. Taškovski – M. Topuz) 1968
- (NIKAD ROBOM 142) Car Gavril Radomir (D. Taškovski – M. Topuz) 1968
- (NIKAD ROBOM 160) Đorđe vojteh (D. Taškovski – M. Topuz) 1968
- (NIKAD ROBOM 179) Karpoš (D. Tašovski – M. Topuz) 1968
- (NIKAD ROBOM – CRTANA ŠKOLA 12) Strez, gospodar Proseka (M. Topuz) 1969
- (NIKAD ROBOM – CRTANA ŠKOLA 27) Dobromir Hrs (M. Topuz) 1970
Во овој напис ви го претставуваме „Hacon“ (Хацон / Хатсон), првиот стрип на Топуз и Ташковски објавен во „Никад робом“.
Во уводниот дел на стрипот пишува:
„Хацон - водач на македонските словени
На почетокот на VII век, кога словенските племиња го населувале Балканскиот полуостров, на територијата на денешна Македонија се населелиле силните словенски племиња: Драговити, Сагудати, Брсјаци, Смолјани, Струмјани, Рунхини, Велегизити, Војнити и други.
Овие племиња уште од самиот почеток биле во особено тешка ситуација бидејќи, поради близоста до моќната Византиска империја, биле многу повеќе загрозени одошто останатите словенски племиња кои се наоѓале подалеку од Византија. Затоа и не е чудно што овие племиња први започнале со создавање на воени сојузи кои прераснале во кралство.
Започнал тој процес на многу рано создавање на племенски сојузи „Склавинија“ на чело со Хацон. Заедно со своите словенски соплеменици, Хацон бил цврст бедем од кој што се кршеле многу византиски копја во настојувањето да продрат во срцето на словенските племиња.
Со својата крв и жилавиот отпор кој што им го пружале на Византијците, македонските Словени уште на почетокот на VII век, бранејќи се себе си ги штителе и останатите словенски племиња кои што релативно мирно си го живееле својот патријархален племенски живот“
Стрипот Хацон е објавен на 11 август 1967 година.
[1] Nikad robom popis, Forum Stripovi
No comments:
Post a Comment