Моментално на Википедија, слободната онлајн енциклопедија која што секој може да ја уредува, има 68.190 статии на македонски јазик. По тој повод, бидејќи мразам заокружени броеви, во овој напис ви претставувам search bar преку кој што можете да пребарувате низ Википедија на македонски јазик. Едноставно во белото поле напишете го она што ве интересира и кликнете „Барај“ (или ентер).
Википедија постои од јануари 2001 година, а верзијата на македонски јазик е достапна од крајот на 2004 година [1]. За споредба, во јуни 2007 година на Википедија имаше 10.000 статии на македонски јазик [2][3], во февруари 2008 година 15.000 статии [4], во ноември 2008 година 20.000 статии [5][6], на крајот на април 2009 година 30.000 статии [7][8], а во мај 2010 година имаше 40.000 статии [9]. Во октомври 2011 година енциклопедијата достигна јубилејни 50.000 статии [10], а бројот од 60.000 статии беше надминат на 19 август 2012 година.[11]
[1] „Македонската Википедија наближува до својата 10 000 статија“ Археоблог, 21 јуни 2007: „Проектот на Wikipedia започна во јануари 2001, додека проектот Википедија на македонски јазик постои од крајот на 2004 година.“
[2] „Википедија на македонски јазик“ Misos. 21 јуни 2007: „Мк.вики моментално има 9949 статии. Во следниве 2-3 дена очекуваме да стигнеме до 10.000. Конечно!“
[3] „Македонската Википедија наближува до својата 10 000 статија“ Археоблог, 21 јуни 2007: „Македонската Википедија наближува до својата 10 000 статија. Според Мисос, во следните 2-3 дена се очекува конечно по многу премрежја, оваа бројка да биде достигната.“
[4] „Википедија на Македонски со 15.000 стории“, Кајгана, 14 февруари 2008
[5] „Соопштението за јавноста од 17.11.08“, Википедија
[6] „Википедија на македонски јазик со 20.000 статии“, Кајгана, 17 Ноември 2008: „Почитувани, Ве известуваме дека Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 20.000 статии. Википедија претставува единствена онлајн енциклопедија на македонски јазик достапна за корисниците ширум светот. Википедија на македонски јазик има преку 6.000 регистрирани корисници (од кои околу 200 дале активен придонес во уредувањето), дванаесет администратори и три бирократи, кои заедно со останатите нерегистрирани корисници работат на достапност на светското знаење на македонски јазик. Содржините се илустирани со мултимедијални содржини и се категоризирани по области, до истите може да се пристапи и преку осумдесетина тематски портали. Во текот на минатиот месец просечно секоја секунда се чита некоја страница од википедија на македонски јазик, најпосетувани страници покрај главната и специјалните страници биле страниците: AJAX, Република Македонија, Македонски јазик, Тоше Проески, Св. Кирил и Методиј, Кочо Рацин, Скопје, Портал:Историја ... Википедија е единствената слободна и бесплатна светска енциклопедија. Верзијата на англиски јазик брои повеќе од 2.6 милиони статии, 22 други јазични изданија имаат над 100.000 статии. Според бројот на статии Википедија на македонски јазик се наоѓа на 59-то место. Ги повикуваме сите љубители на знаењето да го посетат веб сајт http://mk.wikipedia.org каде што ќе можат да ги прошират своите знаења и ќе помогнат во креирањето на една подобра енциклопедија со своето активно учество. Пристапот до содржините на Википедија е бесплатен и не е задолжителна било каква регистрација. Со почит, Тимот на Википедија на македонски јазик“
[7] „Соопштение за јавност од 29.04.2009“, Википедија
[8] „Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 30.000 статии“, 365,30 април 2009: „Почитувани,Ве известуваме дека Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 30.000 статии. Википедија претставува единствена on-line енциклопедија на македонски јазик достапна за корисниците ширум светот. Википедија на македонски јазик има повеќе од 10.000 регистрирани корисници, тринаесет администратори и три бирократи, кои заедно со останатите нерегистрирани корисници работат на достапност на светското знаење на македонски јазик. Содржините се илустирани со мултимедијални содржини и се категоризирани по области, до истите може да се пристапи и преку деведесетина тематски портали. Опфатени се низа библиографски одредници на значајни личности, низа на географски одредници за државите, градовите и останатите населени места. Според статистичките податоци за посетеноста на Википедија на македонски јазик за април 2008 година (wikistics.falsikon.de/mk, wikistics.falsikon.de/latest), дневно просечно 112.182 страници на Википедија на македонски јазик се посетени од страна на читателите на Википедија. Тековниот список според посетеноста на Википедија на јазиците на нашите соседни држави изгледа вака: 29-то место на бугарски јазик со 460.943 посети, 32-ро место на хрватски јазик со 385.034 посети, 35-то место на грчки со 356.446 посети, 42-ро на словенечки со 285.404, 47-мо на српски со 198.557, 60-то на македонски јазик со 112.182 посети, 62-ро на босански со 109.544 и на 80-то место на албански јазик со 65.896 посети дневно.Според статистичките податоци на Alexa за Македонија, Википедија на македонски јазик според посетеноста за месец април, 2009 година, е рангирана на виското 9-то место пред било која друга веб страна на електронските и печатените медиуми, владини или приватни институции. Википедија е единствената слободна и бесплатна светска енциклопедија. Верзијата на англиски јазик брои повеќе од 2,8 милиони статии, 25 други јазични изданија имаат над 100.000 статии. Според бројот на статии Википедија на македонски јазик се наоѓа на 48-то место, од вкупно 266 јазични изданија на Википедија. Тековниот список според број на статии на Википедија на јазиците на нашите соседни држави изгеда вака: 31-во место на словенечки јазик, 32-ро на српски јазик, 33-то на бугарски, 36-то на хрватски, 44-то на грчки јазик, 52-ро на босански и 58-мо место на албански јазик. Ги повикуваме сите оние кои се во потрага по одредени информации и сите останати љубители на знаењето кои користат Интернет да ја посетат Интернет страницата Википедија каде што можат да ги прошират своите знаења, а исто така и да помогнат во создавањето на една подобра енциклопедија со своето активно учество. Пристапот до содржините на Википедија е бесплатен и не е задолжителна било каква регистрација.“
[9] „Википедија на македонски јазик сега има над 40.000 текстови“, it.com.mk, 14 мај 2010: „Википедија брои над 40.000 текстови на македонски јазик и е на 50-то место од верзиите на популарната веб енциклопедија. Според посетеноста Википедија на македонски јазик забележува над 117.000 посети на ден, односно околу 2 милиони посети месечно!“
[10] „Википедија на македонски јазик надмина 50.000 статии“, it.com.mk, 3 октомври 2011: „Со текстот за перуанската покраина Акамојо, креиран од корисникот MacedonianBoy, Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 50.000 статии и стана 54-тата Википедија по број на статии во светот. Споредено со соседните држави, Википедија на српски јазик има 145.000 статии, на бугарски 120.000 статии, на грчки 65.000 статии и на албански јазик 34.000 статии.“
[11] „Википедија: Јубилејни статии/60.000“, Википедија
No comments:
Post a Comment