Saturday, January 05, 2013

Техничка Влада?

На апсурдното барање, за формирање на техничка Влада, на Руфи Османи и неговата НДП која брои само двајца пратеници во Собранието на Р. Македонија [1] и она на СДСМ [2] кој неколку избори по ред губи, би се послужил со коментар на Миленко Неделковски со кој што во целост се согласувам:

„Не знам за другите, ама јас пред година-и-пол не гласав за “Техничка влада“ по желбата на оние, како Руфи, што имаат два пратеника. Не гласав државата да ја води оној што загубил на избори.Мене не ме интересира бојкот, и кој ќе бојкотира. Кој бојкотира, негов проблем. Државата мора да си ја турка својата работа. “

Народот демократски ја избра Власта, а „народот е во право дури и кога греши“, зарем не? Па почитувајте го тоа драги опозиционери и дозволете демократијата да функционира.

2. „СДСМ - Излезот е во техничка влада“, Радио Слободна Европа, јануари 05, 2013

No comments: