Пред два дни, во повеќе македонски медиуми, се пренесе веста дека Унгарија ја признала Македонија под нејзиното уставно и историско име. Денес и од Обединетата Македонска Дијаспора се заблагодарија на Унгарија за тоа што ја признала нашата татковина под уставното и историско име (UMD, 15 декември 2012):
„Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство објавува дека 134-та земја да ја признае Македонија под нејзиното уставно име е Унгарија. ОМД им се заблагодарува на унгарскиот премиер Виктор Орбан, неговата влада и сите Унгарци ширум светот за нивната континуирана поддршка и пријателство.“
Но од Обединетата Македонска Дијаспора, притоа забораваат дека Унгарија ѝ се обраќа на Македонија користејќи го нашето уставно име, не од пред неколку дена, а со години наназад, нешто што од ОМД го знаеле уште на почетокот од 2008 година. Еве што тогаш од ОМД ѝ порачале на Кондолиза Рајс (UMD, 14 февруари 2008):
„The United States of America, as well as NATO members Turkey, Bulgaria, the United Kingdom, Poland, Romania, HUNGARY, the Czech Republic, Slovenia, and Canada, and approximately 120 other nations, including China and Russia, all recognize Macedonia by its constitutional name.“
Превод:
„Соединетите Американски Држави, како и НАТО членките Турција, Бугарија, Обединетото Кралство, Полска, Романија, УНГАРИЈА, Чешка, Словенија и Канада и приближно 120 други нации вклучително Кина и Русија, сите ја признаваат Македонија под уставното име.“
Како може земја за која што од ОМД во 2008 година тврделе дека нè признава под уставното име, во 2012 година да стане 134та, односно засега последната земја во светот која што ја признава Македонија под уставното и историско име?
Каде е овде вистината? Вистината е дека погрешно е разбрана и пренесена информацијата од македонското Министерство за надворешни работи. Она што од таму е кажано е (Влада, 13 декември, 2012):
„Министерот за надворешни работи на Република Македонија, денеска упати писмо до министерот за надворешни работи на Унгарија, Јанош Мартоњи, во кое се поздравува најновата одлука на Унгарија да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Република Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација.“
Од министерството ја поздравуваат одлуката на Унгарија за ПОТВРДА и официјализарање НА ДОСЕГАШНАТА ПРАКСА НА ОБРАЌАЊЕ КОН МАКЕДОНИЈА СО УСТАВНОТО ИМЕ. Дури и самата статија е наречена „МНР: Унгарија и понатаму ќе продолжи да го користи уставното име на Македонија во билатералната комуникација“, а не „Унгарија штотуку ја призна Македонија под уставното име.“
На порталот „За сè“ напишаа „Унгарија нè призна под уставно име, списокот се зголемува“. Но всушност не се работи за зголемување на бројот на земји кои што нè признаваат под уставно име, туку за официјализирање и потврда на досегашната практика на обраќање, од страна на една земја која што и досега ни се обраќала со уставното име.
На порталот „За сè“ напишаа „Унгарија нè призна под уставно име, списокот се зголемува“. Но всушност не се работи за зголемување на бројот на земји кои што нè признаваат под уставно име, туку за официјализирање и потврда на досегашната практика на обраќање, од страна на една земја која што и досега ни се обраќала со уставното име.
Па така Унгарија не е 134та земја во светот која ја признава Македонија под уставното име, како што тврдат од ОМД, бидејќи таа е веќе вброена во оние претходни 133 (доколку се 133) земји кои ја признаваат Македонија под уставното и историско име.
No comments:
Post a Comment