Во последниов период, од повеќе високи бугарски функционери, меѓу кои и од претседателот на Бугарија, се изнаслушавме обвинувања дека во Македонија се водела антибугарска кампања. При секоја можност тие не испуштаа да истакнат дека Владата во Скопје наводно не водела политика на добрососедство. Овие обвинувања бугарскиот политички врв не ги поткрепи со ниту еден аргумент, а причината за тоа на сите нам ни е добро позната - во Македонија не се спроведува никаква антибугарска кампања.
Официјална Бугарија дури и директно се закани со вето за Македонија во ЕУ, доколку од македонска страна не добиеле гаранции за добрососедство. За каква гаранција овде станува збор, во услови кога во Македонија, без никакви инцидентни и во релаксирани услови, во последниов период се одржаа бројни манифестации со учество на голем број бугарски граѓани?
Имено, оваа година, манифестацијата „Скопско лето“ ја отвори никој друг туку Софиската филхармонија од Бугарија. Истата покрај дела од македонски автори изведе и неколку бугарски. Зарем ова не е несоборлив доказ за добрососедство? Доколку во Македонија навистина владееше антибугарско расположение, како што некои бугарски функционери се обидуваат да прикажат, зарем ќе се дозволеше учеството на демек „омразените“ Бугари на оваа престижна македонска манифестација?
Дека не се работи за случајност, се потврдува со тоа што во рамките на истата манифестација, во продукција на софискиот театар „Илкова“, се одигра претставата „Приказна од предиво“. Зошто бугарските функционери наместо да ги поздрават ваквите културни соработки меѓу двете земји, обвинуваат дека во Македонија се инсталирала омраза кон источниот сосед?
Во рамките на годинешното „Штипско културно лето“ беа организирани денови на бугарската култура, на кои што учество зедоа поголем број на уметници од соседна Бугарија. За ваквиот гест и самиот амбасадор на Република Бугарија се заблагодари. Наместо и бугарскиот политички врв да го следи ваквиот пример тие сега непотребно шират клевети и се расфрлаат со закани за блокади.
Пред околу еден месец во Кинотеката на Македонија во Скопје, беа одржани „Денови на бугарскиот филм“, кои на 5 ноември беа отворени со изложбата со наслов „Бугарски филмски плакати“. Дали ова е израз за добрососедство или доказ за антибугарската кампања во Македонија е излишно да се праша.
Во едни вакви услови, од авион се гледа дека бугарските закани со вето и обвинувањата дека Македонија не градела добрососедски односи не се темелат на реални докази и дека се крајно несериозни и злонамерни. Обвинувањата дека во Македонија се води планска антибугарска кампања се далеку од вистината онолку колку што планетата земја е далеку од месечината.
Актуелниот бугарскиот претседател треба да се присети дека на почетокот од 2011 година, еден претходен бугарски претседател всушност го доби највисокото македонско одликување орденот „8 Септември“. Повеќе од јасно е дека ова немаше да се случи доколку официјална Македонија навистина наметнуваше идеологија на омраза кон сè што е бугарско. Плевнелиев треба да земе поука од својот претходник Жељу Желев и наместо вината да ја лоцира во Македонија, практично да поработи на подобрување на односите меѓу двете земји.

Уцените и заканите со кои што официјална Бугарија настапува не се знак на добрососедство, а напротив. Оттука, наместо за подобрување на односите меѓу двете земји и народи, одредени бугарски функционери всушност допринесуваат за нивното уназадување. Со тоа освен што работат на штета на граѓаните на Македонија, директно нанесуваат штета и на бугарските граѓани кои што ним им го довериле мандатот.
Декларативните заложби за подобрување и интензивирање на односите меѓу двете држави и народи ќе останат само декларативни доколку официјална Бугарија продолжи да најавува поставување на препреки на патот на Македонија кон ЕУ. Бугарскиот политички врв треба да биде свесен дека нејзините последни постапки во врска со започнувањето на преговите за членство на Македонија во ЕУ не се во функција на подобрување на взаемните односи.
Во овие мигови на бугарското раководство му е неопходно визионерство. Ако тоа што Бугарија прва ја призна Македонија е нешто со што сега тие се фалат, заканите упатени кон Македонија со кои денес се служат, утре ќе им бидат повод за срам.
Вака или онака, Македонија ќе ги надмине сиве овие препреки кои што ѝ се поставуваат на патот на нејзните зацртани цели. И кога еден ден тие ќе бидат само дамнешно минато, во нашите сеќавања сите оние кои што нè попречувале и условувале ќе бидат врежани како противници, а не како пријатели. Дали Бугарија има интерес по своја вина да биде негативецот и со своите постапки да започне поглавје на влошени односи меѓу нашите две земји и народи? Со обвинувањата дека во Македонија владее бугарофобство и со условувањата тие не само што не допринесуваат за зближување на двете земји и двата народа, туку и го прошируваат јазот меѓу нив.
Ако во Македонија има антибугарско расположение, тогаш тоа не е резултат на внатрешни иницијативи, туку одговор на провокциите кои што доаѓаат од Бугарија. Всушност со нив бугарскиот претседател Плевнелиев и самиот создава недоверба на македонското општество кон Бугарија. Не може да се очекува дека официјална Бугарија ќе ни се заканува со блокади, а дека ние Македонците тоа ќе го дочекуваме со бурен аплауз. Ако официјална Бугарија навистина сака да гради пријaтелски односи со Македонија, тогаш најмалку што може да направи е да престане со острата реторика и упатувањето на заканувачки пораки.
А.С. објавено во Македонска Нација
А.С. објавено во Македонска Нација
No comments:
Post a Comment