Во овие критични мигови за Македонија, упатувам апел до новинарите, барем да се обидат да останат независни од партиските центри на моќ, да бидат колку што се може пообјективни и да не им даваат преголемо внимание на политичарите и партиите. Ова што сега се случува по телевизиите и Интернет порталите е претерување. Луѓе, со крајно некултурни манири, насилно однесување и говор на омраза се наметнаа како главен фактор. Првенствено новинарите се тие кои треба да го спречат семето на омразата, раздорот и лагата, преку медиумите да се да се всади во умот на секој еден граѓанин.
Ова што се случува на медиумите е потценување на интелигенцијата на македонскиот граѓанин. На еден медиум еден политичар се изедначува со ѓаволот, а на друга медиум истиот тој политичар се воздига до небесни восочини. Каде е овде вистината и објективноста? Нека фактите бидат оние според кои ќе се прикажува политичката реалност во македонското општество.
No comments:
Post a Comment