Saturday, December 29, 2012

Писмо во шише (до граѓаните)

Упатувам апел до граѓаните на Македонија, меѓу кои спаѓам и јас, да не дозволат да бидат изманипулирани од партиите и политичарите и да не наседнуваат на изрежирани провокации, манипулации и лаги. Наместо сега безгрижно да ги славиме новогодишните празници, ние поради нечија несериозност се наоѓаме во ситуација на општа загриженост за состојбата во земјата. Проблемите на граѓаните се реалност и треба тие да се решаваат, а не да се создаваат нови проблеми кои диверзантски го отргнуваат фокусот од вистинското место.

Важно е секој да биде свесен дека политичарите постојат за народот, а не обратно. Зарем вреди да се искраме со нашите роднини, соседи, пријатели, сонародници Македонци, само поради слепата послушност кон укажувањата на нечиј партиски врв?

Пратениците се избрани од граѓаните за да ги решаваат проблемите на нас, граѓаните, а не за граѓаните да ги решаваат нивните партиски проблеми, фрустрации и низок рејтинг. Ако не можат да се соочат со своите обврски тогаш ние сме оние кои што на наредните избори треба да им пресудиме. Во оваа нивна битка за моќ, да не дозволиме за туѓи интереси, а на штета на Македонија да бидеме искористени како топовско месо.

No comments: