Исто како Република Македонија, и Соединетите Американски Држави се соочуваат со проблемот намален наталитет. Според the Pew Research Center, од 2008 година бројот на родени бебиња во САД значително е опаднат. Како причина за ова се наведува зголемената невработеност и економската криза која што ги погоди Соединетите Амерински Држави.
Решението за опаднатиот наталитетот, односно за запирањето на трендот на сè помалку родени деца во САД, според Рик Њуман се состои во стабилизирањето на економијата и уверувањето на Американците дека доаѓаат подобри денови. Тој наведува дека зголемениот наталитет корелира со оптимизмот на граѓаните за иднината, што пак во голема мера зависи и од добрата економска состојба во земјата.
(Целата статија на Рик Њуман можете да ја прочитате на USNEWS)
Во 1957 година, за време на економскиот бум, кога невработеноста е едвај 4.5 проценти, наталитетот во САД ја достигнува својата кулминација. Од друга страна пак, за време на седумдесетите години на минатиот век, како резултат на големата инфлација и останатите проблеми за работниците, наталитетот во САД бележи пад.

Не гледам причина зошто ваквото решение не би било одговор и за намалениот наталитет во нашата земја. За повеќе родени бебиња да се вложува во развојот на економијата и да се прават максимални напори за намалување на невработените лица што само по себе на луѓето ќе им вдахне оптимизам и верба во посветлата иднина.
No comments:
Post a Comment