Illusional Reality, „Цензура за репутација“ (напис и затемнување):
„Доколку овој предлог-закон ќе се изгласа, јавните дебати на интернет стануваат минато, или подобро кажано дебатите кои се прават на сајтови кои се регистрирани во Република Македонија. Што се однесува до тие дебати кои се прават во сајтови кои се регистрирано во странство, пристапот до нив може да биде ограничен, или потполно блокиран.Со ова се крши Уставот на нашата држава.“
Развигор, „Опасност од цензура преку новиот закон за навреда и клевета“ (напис и затемнување):
„Ја пренесувам реакцијата на Метаморфозис и препорачувам сите блогери, форумџии, твитерџии, фејсбукчии и интернетџии да го сторат истото за да се создаде јавна дебата, оти ако се усвои законот каков што е предложен, итекако ќе им влијае директно на животот.“
I, Macedonian, „Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета неприфатлив за македонската интернет заедница“ (напис) :
„Додека големите македонски медиуми за предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета молчат, македонската интернет заедница е сè погласна во изразувањето на својот револт. За дочекувањето на нож на деловите од предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета кои се однесуваат на комуникацијата преку Интернет тие наведуваат низа причини“
I, Macedonian, „Затемнување на македонскиот интернет“ (напис):
„Ако изминатата сабота имавме „Бела ноќ“, денес е ден за затемнување на македонскиот интернет простор. Од веб страната Skopjehacklab своите посетители ги пречекуваат со црн екран на кој што е испишано „Вака ќе изгледа македонскиот интернет ако се воведе новиот закон за одговорност за навреда и клевета“. Од сајтот порачуваат дека со членот 11 од предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, начинот на кој што македонските веб страни функционираат значително ќе биде изменет кон полошо и дека за одредени странски веб страни пристапот од Македонија може да биде ограничен.“
OutTake, „Интернет цензура во Македонија“ (напис):
„Ова значи дека јас како сопственик на сајт и слободен блогер би требало да внимавам на секој збор кој може да биде толкуван како навреда, па дури и тој збор да се појави во коментари, а со тоа ќе мора да ги исклучам коментарите од инстантно прикажување и да ги модерирам 24 часа на ден. Па дури и покрај тоа постои можност сајтот и блогот да ми бидат исклучени б ез предупредување, само доколку некој се пожали. Јас не сакам ваква сајбер иднина, ова би нанело неверојатно голема штета на слободата на македонскиот сајбер простор и достапноста на информациите која во моментов ја уживаме.“
Кокошарник, „Цензура на интернетот“ (напис и затемнување):
„Мене ова воопшто не ми се допаѓа. Припадник сум на генерација која што израсна и чии што вредности се основаат врз база на слободата на говор во интенрет просторот. Припадник сум на генерација која што своето независно мислење и ставови за општествените промени ги донесуваше токму благодарение на достапноста на информации (од секаков калибар) на интернет. Интернетот е се што имаме. Интернетот е наш. Не смееме да дозволиме никој да ни го земе. Стоп за цензурата!“
Airborne, „Политика на изразувањето“ (напис и затемнување):
„Заклучокот што се наметнува е дека законите како овој служат за заштитување на интересот на елитите во општествата. А бидејќи членовите на елитите речиси секогаш се и јавни личности, законот всушност служи за заштита на приватниот интерес на јавни личности. Ова не се вредности што треба да ги застапуваме.“
Топилница, „Македонска контрадикторност: Закон за навреда и клевета“ (напис):
„Доколку и вам ви е мила нашата македонска интернет сфера и сакате да остане таква како што е, најдобро нешто што можете да направите е да ги исконтактирате нашите пратеници или претседателот на собранието и да им оставите порака дека ние (македонскиот народ) сме против овој предлог-закон што може да доведе до цензура на единствениот транспарентен медиум што ни остана. Да се обединиме и заедно да се бориме да ни остане интернетот чист како единствен транспарентен медиум. Смрт за цензурата, слобода за информациите!“
:и по, тоа! „СТОП - за предлог-законот за навреда и клевета“ (напис и затемнување):
„Член 16 од Уставот на Р. Македонија експлицитно ја забранува цензурата и ја гарантира слободата на говорот, слободниот пристап до информации и нивен пренос. Да се избориме за овие вредности. Да го сопреме предлог-законот пред да биде предоцна.“
#ohridski -oN, „Замислете интернет“ (напис и затемнување):
Тамара Атанасоска, „Е-предизвик“ (напис и делумно затемнување):
„Наместо да работиме на суштинските проблеми кои ги имаме, да ги отвориме и проработиме стандардните канали за комуникација помеѓу власта, пратениците и граѓаните, да го зголемиме потенцијалот за дебата и дискусија помеѓу двете страни и да се отворат канцелариите за предлози, ние сакаме да го скокнеме тој чекор и веднаш да преминеме на нешто што ни е далеку од дофат. Е така, неможе.“
No comments:
Post a Comment