Повеќето од нас имаат слушнато за Бетмен, Супермен, Капетан Америка и за уште многу други увозни стрип херои. Но кога се во прашање оние македонските, за жал, ситуацијата е многу поразлична. Причините за тоа во никој случај не се должат на немањето такви, напротив. Македонски автори и во минатото, а и сега неуморно креирале и продолжуваат да креираат стрип херои. Проблемот произлегува од недостатокот на стрип издаваштво на домашни стрипови, без што на пошироката македонска публика, особено на оние најмладите, им се ускратува можноста да се запознаат со нив.

„Замислата за темава на изложбава е уште еден начин да си ја рашириме и промовираме домашната култура, да се потсетиме на постарите македонски стрипови, да покажеме почит кон претходните генерации автори со чии стрипови сме пораснале.
Новава генерација на стрип автори направија ре-дизјан на оригиналните македонски стрип ликови, но во свој, оригинален стил. Изложбата ќе биде збогатена со работилница во живо, каде што ќе може на лице место да се види работењето на македонските цртачи, а планирано е да се појават и некои од старите стрип легенди“ - вели Давор Драмиќанин, од здружението „Макстрипови“.
Па така сите вие кои што никогаш не сте слушнале дека и ние имаме наши стрип херои, во сабота, со почетокот од 20.00 часот, повелете во Галеријата Ко-Ра (Дом на Градежници), каде што ќе ја имате ретката можност да се запознаете со дел нив.
А.С. Mk-News.mk
No comments:
Post a Comment