Monday, September 17, 2012

Зошто Стилијан го постави знамето на полицијата во Солун

Пред неполн месец медиумски хит во нашата земја беше храброто дело на младиот Македонец од егејскиот дел на Македонија - Стилијан Самарџиев. Па сепак поводот и мотивите поради кои тој се одлучил да го постави црвеното македонско знаме со шеснаесетзрачно сонце на грчката полициска станица во Солун не беа соопштени од ниту еден наш медиум. На Осми Септември Стилијан беше во посета на главниот град на Република Македонија, за со своите сонародници да го прослави Денот на независноста, а ние ја искористивме можноста да го прашаме кој бил мотивот за неговото дело.

„Тоа беше лично моја акција која ја извршив по моја одлука. Причината е поради тоа што некои овдешни [од Грција] Македонци почнаа да ме обвинуваат дека сум се откажал од македонската идеологија и дека сум преминал на грчка страна. Оваа иницијатива беше одговор на таквите обвинувања.“ - вели Стилијан.

Камо среќа, овде во Република Македонија, во екот на пронаоѓањето на „предавници“, обвинетите својата невиност да ја докажуваа практично и на дело, како Стилијан, а не со глумење на невина жртва и прогласување на целиот македонски народ за шутрачки.

А.С. МKD-News.mk

No comments: