Интервју со Горан Атанасовски, основач на порталот Travel2Macedonia, за кој што во 2010та година беше прогласен за „Најдобар Промотор на Македонија“, за скриените убавини и туристичкиот потенцијал на Македонија.
1. Што ве поттикна да го создадете порталот Travel2Macedonia?
Travel2Macedonia, произлезе како идеја за веб портал за хотели, идеја која во неколкугодишниот развој со својата дополнета содржина стана познат портал за Македонија. Домашниот пазар во тој период имаше прилично сиромашна веб понуда, во смисла на хотелско рекламирање, за разлика од пазарот во соседството каде што можеа да се забележат турски и грчки хотелски портали со обемна содржина, чии бројки достигнуваа и до 10.000 хотели.
2. Колку време ви одзеде неговата изработката или пак се работи за процес кој што никогаш и не запира?
Првата идеја за Travel2Macedonia се појави некаде во 2006-та година. Беа потребни речиси 2 години, за да се појави онлајн од почетната фаза на неговата реализација. Верувам дека поминаа уште цели 2 години за тој конечно да се дооформи во сегашниот лик и да ја добие сегашната содржина. Би рекол дека засега, не би имало некои нови дополнувања, но порталот Travel2Macedonia има над 700 страници со содржина, и секако дека ќе постои простор за проширување.
3. Ви се случило ли можеби при подготовката на материјалите за сајтот и вие самите да се изненадите од бројот на убавините кои што Македонија ги има?
Иако и самиот многу ја имам проучено Македонија како тема, што значи дека во голема мера ги познавав градовите, природните и културните знаменитости, сепак се изненадив од еден локалитет, кој што навистина е премалку експониран - Ѓаволскиот Ѕид кај Свети Николе и Штип, локалитет за кој сметам дека е од вистинска реткост. Меѓутоа истиот, за жал е тешко пристапен, без соодветен пат и ознаки.
Откако започнав со промоција и маркетинг на порталот, и самиот почнав да фотографирам места, чии што слики почнав да ги поставувам на сајтот на Panoramio, почнав да разгледувам секакви, дури и малку непознати локации за фотографирање. Откако ја започнав идејата за порталот, сè уште не сум бил во можност да ги посетам Ѓаволскиот Ѕид, Кратово, Крива Паланка, Дојран, Битола, додека сум ги посетил Националниот Парк Галичица (видиковецот на Коритски Рид, на патот Трпејца - Отешево), Маврово, месноста Петачко Водиче (Беловиште, Тетовско) и Вевчани и Вевчанските Извори.
4. Може ли Интернетот реално да овозможи зголемена туристичка посетеност на една земја?
Мое мислење е дека Интернетот ја зголемува популарноста на било која земја, ако доволно се користат можностите кои ги овозможува. Рекламирањето (претежно во вид на слика) на страниците како facebook, twitter, panoramio, pinterest, flickr, секако оди во прилог на популаризирањето на Македонија како туристичка дестинација, а овој метод го користат најголем дел од Интернет корисниците низ целиот свет, па дури и во Македонија. Не ретко се случува да најдеме по некоја слика од Милениумскиот Крст, Дојранското Езеро во зима со лед, погледот на Канео во странскиот интернет медуми. Во врска со посетеноста на земјата, тоа зависи од други работи, како на пример: туристичката понуда, цените на хотелските услуги, безбедносната ситуација...
5. Какво е вашето лично искуство во таа насока преку Travel2Macedonia?
Нашето досегашно искуство покажува дека туристите посебно од Европа, се интересираат за Македонија, при што доста голем број од нив кои се решиле да патуваат индивидуално (а не во групни тури), ги интересирало, како да дојдат, визни регулативи, кои се најпосетуваните места, за да може да ја докомплетираат нивната поголема балканска тура, во која обично вклучуваат повеќе земји од регионот. Групните тури, кои организираат повеќедневни патувања со автобус, и се задржуваат во Македонија неколку дена, почесто ги контактираат македонските туристички водичи или хотели за време на нивниот 2-3 дневен престој во Македонија, покажува нашето искуство.
6. Кои локации во Македонија се најинтересни за странските туристи?
Странските туристи највеќе се воодушевени, се разбира, од Скопје и Охрид (бидејќи Македонија е преставена преку овие две дестинации). Меѓутоа, секако дека интересни се и Струга, Мавровско-Реканскиот крај, Битола, Преспа, Дојран, Крива Паланка и Тиквешијата (Кавадарци, Демир Капија и Неготино).
7. Ви се случува ли странски туристи кои што за убавините на Македонија дознале преку вашиот сајт да ве контактираат за да ги споделат своите импресиите од нивниот престој во земјава?
Конкретно искуството покажало дека туристите, кои биле заинтересирани да ја посетат Македонија, пред посетета ги интересирале најразлични прашања за царински регулативи, дали може да се користи анти-радар систем по патиштата, места каде што би можело да се направи краток одмор и сл. Досега, бидејки немаме направено анкета за ова прашање на порталот, не се случило да добиеме било каква критика за посетата на Македонија, без разлика дали била позитивна или негативна.
8. Се чини дека во последниов период најмногу интерес на странските туристи им побудија објектите и спомениците од проектот Скопје 2014, зошто е тоа така?
Со оглед на тоа дека не сум инволвиран проектот, ќе морам да одговорам со моја лична претпоставка. Вестите за проектот Скопје 2014, одекнаа низ многуте светски медиуми, а посебно низ медиумите во Европа, верувам дека поради тоа просечниот Европеец, изгугла малку повеќе за Македонија, односно пројави поголем интерес за земјата, за тоа какви се луѓето, каков јазик зборуваат, каква им е културата и што воопшто има во таа земја Македонија. Од таму, верувам дека е произлезен и зголемениот интерес на странските агенции, кои поради Скопје и Охрид (воглавно ја вметнаа Македонија), во големите балкански тури.
9. Има ли денес слични портали како вашиот кои што успешно ја надополнуваат и збогатуваат туристичката слика за Македонија?
Од моменталната понуда, би наброил неколку од нив: www.macedoniatravel.com, www.travel-macedonia.com.mk, www.macedonia-timeless.com, www.macedoniavision.com и www.exploringmacedonia.com.
Александар Стеванов, објавено и во Македонска Нација

No comments:
Post a Comment