Неодамна го посетив сајтот на Институтот за национална историја на Македонија и останав зачуден од прикажаната игнорантност кон моќта на Интернетот.
Несериозност се забележува уште на почеток - наместо свој домен тие користат субдомен на www.makedonika.org, сајт кој што за жал веќе извесен период не се обновува.
Користените букви (за текстовите) на сајтот на ИНИ неочекувано се латинични, а не кирилични, што е трагикомично за веб сајт на македонски јазик во 2012 година.
Материјалите кои што таму можат да се најдат се оскудни и освен историјат на институтот и каталог на објавени дела, нема ама баш ништо друго за историјата на Македонија и на македонскиот народ.
Доколку сакате да го контактирате ИНИ преку сајтот тоа нема да можете да го направите - копчето за контакт е нефункционално и постои „само онака“.
Ако користиме историска терминологија, можеме слободно да кажеме дека веб сајтот на Институтот за национална историја на Македонија е застанат во каменото време. Според некои показатели кои што ги забележав, тој не е обновуван и надополнуван со нови содржини повеќе од 10 години (2000-2001 година).
Сајтот на ИНИ, ваков каков што моментално е, нема некое практично влијание и конкретна цел, туку е повеќе „ради реда“.
Важно е да се знае дека ако некогаш телевизијата беше најголемата училница во светот, сега тоа несомнено е Интернетот.
Жално е што институција чија задача, меѓу другото, е да ја брани македонската посебност низ историјата практично нема своја репрезентативна веб страна на Интернет просторот.
Апел до надлежните органи и до Владата да вложат напори за ваквиот сајт да остане само минато.

2 comments:
Надополнување и појаснување:
Според информација од пријател, посочениот во блогпостот сајт на ИНИ е неофицијален и не работи со „благослов“ на ИНИ.
Официјалниот сајт на ИНИ според неговата информација е www.ini.ukim.mk
Сепак постоењето на неофицијален сајт на ИНИ за кој што не стои напомена дека е неофицијален создава забуна каков што е и случајов.
Според истражувањето кое што го направив, неофицијалниот сајт на ИНИ, односно доменот е купен од Манговски Славко (од 1999) до 2016 година.
Дополнителна забуна за официјалноста на посочениот во блогпост сајт на ИНИ кај мене се создаде дека и на македонската википедија стои дека тој сајт е официјален
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%82_%D0%B7%D0%B0_%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0
А исто така и на веб страната на УКИМ
http://www.ukim.edu.mk/mk_struktura_contact.php?inst=36
Post a Comment