Friday, July 06, 2012

Знаме на етничките Турци од Македонија

Неколку предлози за официјално етничко знаме на Турците од Македонија, со кои би се истакнала нивната етничка припадност, а воедно и знамето би се разликувало од државното знаме на Турција.

Слика лево - знамето на Турција.

Два предлога за етничко знаме на Турците од Македонија, предложени од Македонското хералдичко здружение - знаме 1 и знаме 2.

Лого на македонско-турскиот форум во Охрид со елементи и од македонското и од турското знаме, коешто лесно може да се преадаптира во знаме.

Предлог етничко знаме (долу лево) за Турците од Македонија (А.С.), изработено по примерот на знамето на Северен Кипар. На турското знаме само се додадени две хоризонтални жолти ленти.

Интересно комбинирано знаме (долу) со елементи и од турското и од македонското знаме на Македонско-Турското здружение "Мустафа Кемал Ататурк" - Битола

На Нетот има поголем број на комбинирани знамиња со македонски и со турски елементи:

Знаме - македонско-турско пријателство (А.С.)

Комбинирано турско - македонско знаме на коешто наместо белата ѕвезда со пет крака е поставено македонското 16 зрачно сонце т.н. Сонце од Кутлеш (од FB групата Македонија - Турција / Makedonya - Türkiye / Macedonia - Turkey)

Турско - македонско знаме изработено од AY-Deezy. Инаку симболот лево го нема на знамето на Турција но е присутен на претседателскиот банер на турскиот претседател. 16 ѕвезди ги симболизираат 16 турски империи. Интересно е што 16 е и бројот на краците на македонскиот симбол т.н. сонце од Кутлеш.

No comments: