Wednesday, July 25, 2012

„Сто годишната“ македонска историја и за Георгиевски беше три милениумска

Љубчо Георгиевски е пишман аџија и кога станува збор за продолжителноста на македонската историја. На почетокот од деведесетите години тој корените на македонската држава, а со тоа и историја ги наоѓа во праисторијата дури и пред Александар III Македонски:

„...Да го вратиме она место кое Македонија го имаше повеќе од 3000 години...“ - Љубчо Георгиевски, митинг од 7.11.1990 година.

Сега пак не само што го ампутира нашето историско наследство од антиката туку и тврди дека македонската историја има продолжителност од само 100 години!?! Со ваквото негово самопоништувачко тврдење тој директно ѝ штети на Македонија, а тоа што грчките медиуми го цитираат за да ги докажат нивните антимакедонски ставови е доволен показател.

„Во продолжение на најновата сензација што им ја приреди Георгиевски, грчките медиуми приложуваат и постара видео снимка во која тој тврди дека Македонците имаат само 100 годишна историја и дека требало да се задоволат со неа, а не да крадат историја од Грците, од Бугарите и од Албанците.“ - „Љубчо ги срами Македонците, но ги радува Грците!“, Нетпрес, 01. 07.2012

Ниеден нормален човек не гаи толку голема омраза кон сопствениот народ. Претседателот на СМК, Тодор Петров, за ваквите обиди на Георгиевски за лишување на Македонија од своето историско минато, во своја колумна вели:

Link
„Дали Македонија пред христијанството постоела? Дали Македонија пред Исус Христ немала историја или не постоела? Имало ли Албанци, Бугари, Грци и Срби пред Исус Христ? Или само Македонците постојат од 19 век? А кои Македонци се тие во Библијата?“ - Тодор Петров „Дали Македонија пред Исус Христ немала историја или не постоела?“, Македонска Нација, 20 Јули 2012

За ваквите изјави на Георгиевски во врска со историјата на Македонија, политикологот Владимир Божиновски вели:

„Не треба тој да кажува дали сме ние понова или постара нација или дали Македонците се фалсификатори. За тоа си има историчари, аналитичари и експерти. Георгиевски исто така не треба да дава такви коментари поради тоа што на тој начин им дава повод и причина Грција да продолжи со блокадата на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

Во Грција ниту најмаргиналниот политичар нема да каже за сопствениот народ дека е фалсификатор на историјата како што тоа го прави Георгиевски, истакнува Божиновски за Курир.“ - „Експертите со жестоки критики за скандалозните изјави на Љубчо“, Курир, 16 Јули 2012 година.

No comments: