Во врска со проблемот што Грците го имаат со нашето име и преговорите коишто се водат во ООН, пред неколку месeци го прочитав најглупавиот коментар досега. Одеше вака некако:
Па добро ако го смениме името за меѓународна употреба, но не го смениме уставното име знаејки дека Грците инсистираат од нас да го смениме и уставното, тоа што ќе го зачуваме него за нас ќе биде огромен успех.
За да ја покажам апсурдноста на овој коментар еве една измислена кратка приказна:
Враќајки се од банка ме пресретнаа двајца питачи кои од мене побараа да им ги дадам сите пари. По краток разговор едвај некако ги убедив да им дадам само половина од парите. Знаејќи дека тие ми ги бараа сите, а јас им дадов само половина тоа за мене е голем успех.
Некои луѓе својот неуспех го правдаат со тоа што ќе го прогласат за огромна победа, а некои се борат до неуспехот воопшто и да не дојде. Разликата е огромна.

No comments:
Post a Comment