По повод честото користење на долните две фотографии на Нет, и погрешните информации за самиот артефакт кои се напишани на самите фотографии, би сакал да замолам истите да престанат да се користат за неточностите да престанат да се шират.
Macedonian Documents:
Volan:
Kral Marko:
Значи артефактот не е откриен во Говрлево, близу Скопје, туку на месноста Орлов Камен, село Трновец, кратовско. И не е стар 8000 години туку 5000 според анализа на Светската федерација за карпеста уметност, вршена во Мелбурн Австралија.
А доколку сакате да користите фото со овој артефакт едноставно користејте ја оваа на која не стои погрешната информација за локацијата и староста.
Macedonian Documents:
Според д-р Душко Алексовски, претседател на Македонскиот центар за карпеста уметност претставува апликацијата на македонско знаме. Атефактот е откриен во село Трновец, Орлов Камен, општина Кратово. Според анализа на Светската федерација за карпеста уметност, вршена во Мелбурн Австралија, артефактот е стар 5 милениуми, односно е изработен во третиот милениум пред новата ера.
Volan:
Према изјавата на д-р Душко Алексовски, претседател на Македонскиот и Светскиот центар за карпеста уметност апликацијата на денешното Македонско знаме е откриена во заедничка Македонско Италијанска мисија во село Трновец, во месноста викана Орлов Камен, општина Кратово. Според анализата на Светската федерација за карпеста уметност, вршена во Мелбурн Австралија артефактот со знамето е стар 5 милениуми, односно изработен е во третиот милениум пред нашата ера.
Kral Marko:
На 14 септември 1994 г. е откриен гравиран сончев симбол Сличен на знамето на Македонија. Гравирот е откриен од Македонско-италијанска научна експедиција во с. Трновец, Кратовско. Тоа е универзален симбол со силно изразено симболично значење.
Значи артефактот не е откриен во Говрлево, близу Скопје, туку на месноста Орлов Камен, село Трновец, кратовско. И не е стар 8000 години туку 5000 според анализа на Светската федерација за карпеста уметност, вршена во Мелбурн Австралија.
А доколку сакате да користите фото со овој артефакт едноставно користејте ја оваа на која не стои погрешната информација за локацијата и староста.
2 comments:
Ви благодариме за изправките.
Македонски центар за карпеста уметност
кој во 1016 горина треба да прослави 100 години откако Етјеб Пат од Франција ги откри првите траги на карпеста уметност во Македонија,
проф. д-р Душко Алексовски
070-527-745
Ви благодарам. Поздрав!
Post a Comment