Деновиве слушнав нешто што треба да ни биде Императив: „НЕ да умираме, туку да почнеме да живееме за Македонија“. Иако изгледа како полесен избор, тој е потешкиот!!! Затоа што, на тој начин треба СИТЕ да се ангажираме, превентивно и постојано... Обединети во заштитата на македонските национални интереси!!!
Оваа реченица (еден дел од неа слушнав во говорот на еден црковен Великодостојник на гробот на Гоце Делчев на 4 Мај годинава) и мене ми е императив, кога како граѓанин се трудам секогаш да делувам НАВРЕМЕНО, било тоа при избори, граѓански иницијативи, ширење на вистинските информации во вистинско време, реакции на дезинформации при разговори меѓу нас обичните луѓе... Секаде каде имам прилика и потреба! Тоа е нашата основна обврска како граѓани на оваа држава! Значи се залагам за континуирано превентивно делување, за да нема потреба утре да војуваме за нешто што сме можеле да го спречиме!!!
Еве што за ова напиша еден (Argaed Macedon) бранител од 2001 година:
Историјата покажала дека и по секоја војна, сепак се седнува на маса за да се издејствува некое компромисно решение! Посебно што перманентно ни се наметнуваат некакви фингирани војни! Македонија е вековно место, преку кое се преплетуваат и задоволуваат интересите на големите држави! И со векови се гинело заради игрите без граници на големите светски сили... И сега кога се осамостоивме, ние сме непрекинато жртви на безобразно брутална пропагандна војна, која заедно со внатрешната петта колона перманентно нè силува, со намера да нè дестабилизира!!!
Оваа војна која се води против нас не е со „класично“ оружје, туку е пропагандна, па така треба и да одговориме! Треба да бидеме современи! Не успева ништо што е вон време и простор! Мораме да ги искористиме можностите на сајбер времето во кое живееме! Најголемиот дел од современите војни се прават, ама и добиваат или губат медиумски... Најсвеж пример е арапската пролет, која не донесе ништо добро, а предизвика масовно крвопролевање кое сè уште трае...
Таа беше намерно иницирана и подгревана од социјалните мрежи и медиумите!!! Тоа е само уште еден пример дека на пропагандната војна треба да се одговори со антипропагандно оружје! Посебно што во досегашната пракса се докажа неверојатната моќ и успех на тоа поле на социјалните мрежи, организирани Интернет протести, масовни индивидуални реакции на дезинформациите кои континуирано ги шират електронските медиуми следејќи агенда насочена против Македонија, како на медиумите внатре во државата, така и на оние влијателни светски медиуми!!!
Тука спаѓаат и организирани и индивидулни масовни реакции кај влијателни светски лидери, политичари и разни други моќни личности, партии, организации... Да не зборувам и за организирани хакирања и блокирања на разни страници и групи, кои поддржуваат и шират непријателска пропаганда! Како и на оние што намерно предизвикуваат, подгреваат и повикуваат на меѓуетничка и верска нетрпеливост и омраза...
Автор: Ангелина БОЖИНОВСКА

„Пред околу 10-11 години кога со уште неколкумина требаше да извршиме една сложена задача, нè собраа на едно место и покрај другите прашања на крајот не прашаа „ДАЛИ БИ УМРЕЛЕ ЗА МАКЕДОНИЈА?“ Сите едногласно одговорија „ДА“.
На крај се огласив јас и реков „НЕ, ЈАС БИ ЖИВЕЕЛ ЗА ОВАА МАКЕДОНИЈА, ШТО ФАЈДЕ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ОД НАС АКО ПОГИНИМЕ“.
Многу решително звучеше тоа „ДА“, но уште порешително и охрабрувачко звучеше тоа што јас го кажав. Задачата беше успешно завршена и сите се вративме здрави и живи. Ти благодарам Ангелина што ме потсети на тие моменти.“
Историјата покажала дека и по секоја војна, сепак се седнува на маса за да се издејствува некое компромисно решение! Посебно што перманентно ни се наметнуваат некакви фингирани војни! Македонија е вековно место, преку кое се преплетуваат и задоволуваат интересите на големите држави! И со векови се гинело заради игрите без граници на големите светски сили... И сега кога се осамостоивме, ние сме непрекинато жртви на безобразно брутална пропагандна војна, која заедно со внатрешната петта колона перманентно нè силува, со намера да нè дестабилизира!!!
Оваа војна која се води против нас не е со „класично“ оружје, туку е пропагандна, па така треба и да одговориме! Треба да бидеме современи! Не успева ништо што е вон време и простор! Мораме да ги искористиме можностите на сајбер времето во кое живееме! Најголемиот дел од современите војни се прават, ама и добиваат или губат медиумски... Најсвеж пример е арапската пролет, која не донесе ништо добро, а предизвика масовно крвопролевање кое сè уште трае...
Таа беше намерно иницирана и подгревана од социјалните мрежи и медиумите!!! Тоа е само уште еден пример дека на пропагандната војна треба да се одговори со антипропагандно оружје! Посебно што во досегашната пракса се докажа неверојатната моќ и успех на тоа поле на социјалните мрежи, организирани Интернет протести, масовни индивидуални реакции на дезинформациите кои континуирано ги шират електронските медиуми следејќи агенда насочена против Македонија, како на медиумите внатре во државата, така и на оние влијателни светски медиуми!!!
Тука спаѓаат и организирани и индивидулни масовни реакции кај влијателни светски лидери, политичари и разни други моќни личности, партии, организации... Да не зборувам и за организирани хакирања и блокирања на разни страници и групи, кои поддржуваат и шират непријателска пропаганда! Како и на оние што намерно предизвикуваат, подгреваат и повикуваат на меѓуетничка и верска нетрпеливост и омраза...
Автор: Ангелина БОЖИНОВСКА
No comments:
Post a Comment