Пред два дни пријател ми ја посочи страната Истражи ја Македонија (сигурно ги знаете истоимените промотивни клипови кои одеа на ТВ), чија цел е промоција на интересни туристички дестинации во Македонија, како и на македонската традиционална кујна.
Колку што разбрав страната моментално е во почетна фаза и се очекува во иднина постојано да биде надополнувана со многу нови содржини.
Најинтересното е што тие содржини може да ги праќа секој. Па доколку знаете за некое интересно место, потенцијална алтернативна туристичка дестинација, или пак за некоја вкусна традиционална храна напишете текст и пратете им го на посочената од нив електронска пошта.
И покрај тоа што странава е за секоја пофалба, сепак има простор за доработка како би се искористил нејзиниот целосен потенцијал.
Во описот кој што е поставен на Истражи ја Македонија пишува:
Сепак преку Интернет страна која е достапна единствено на македонски јазик, каква што моментално е Истражи ја Македонија, многу тешко, па и неверојатно е во Македонија да се привлечат странски туристи. Се надевам дека во план им е да ја преведат барем на англиски јазик.

„Регистрирајте се и станете директен учесник во креирањето на Туристичката карта на Македонија. Пишувајте за приказни кои ги знаете, или пак сте ги чуле од некој друг. Споделете рецепти за традиционални јадења, за обичаи, фестивали и настани, како и за места каде македонскиот турист ќе може да преспие, да јаде, да посети некоја интересна содржина или да купи локален сувенир...“
И покрај тоа што странава е за секоја пофалба, сепак има простор за доработка како би се искористил нејзиниот целосен потенцијал.
Во описот кој што е поставен на Истражи ја Македонија пишува:
„Страницата е дел од Кампањата за промовирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација...“
Сепак преку Интернет страна која е достапна единствено на македонски јазик, каква што моментално е Истражи ја Македонија, многу тешко, па и неверојатно е во Македонија да се привлечат странски туристи. Се надевам дека во план им е да ја преведат барем на англиски јазик.
No comments:
Post a Comment