Wednesday, April 18, 2012

Македонски Интернет активизам од германскиот фронт

По неколку дневни лобирања и протестни писма од страна на уредниците на Deutsch - Mazedonische Freundschaft и нивните пријатели до порталот на вестите на првата германска телевизија tagesschau.de поради тоа што неправилно ни го накалемуваат етнонимот Словени (гер. Slawen), луѓето од порталот го тргнаа терминот Словени/словенски и на негово место впишаа етнички Македонци/етничко македонски (луѓе, мажи).

Како потврда на горе пишаното погледнете ја сликата пред:


И сликата потоа:

Нека ова послужи како пример на сите оние кои кога ќе видат дека некој сајт не фиромизира или на друг начин не омаловажува своето бездествување пред себе си го правдаат со „џабе ќе се трудиме нема да сменат“. Ако сме упорни ќе сменат, ако си молчиме никој од страна нема да се заложи за македонската вистина.

No comments: