Wednesday, April 18, 2012

Како петтемина Македонци станаа Албанци

Моќта на пропагандата е огромна - може вистината да ја сокрие, а лагата да ја пробута како вистина. Поради некаква причина токму тоа го направија низа странски сајтови известувајќи за убиството на петте Македонци кои тие ги прикажаа како етнички Албанци.

За ова пред три часа прочитав на FB профилот на Јанко Илковски:

http://www.stltoday.com/ пренесува вест на Associated Press дека петмината убиени кај Железарското Езеро се етнички Албанци!!!!!!!!

"The Albanian lake fishermen were found shot dead last week. Police have not commented on reports that the killings may have been racially motivated."

Ете, според нив, Associated Press, ние сме убивале Aлбанци - рибари и дека мотивите биле расистички!!!!! Каква навреда и непочит кон жртвите на масакрот, без грам човечност.

Колку што разбрав дописникот на Associated Press од Македонија е Грк и се вика Тесторидес и треба да одговара за ширење расна омраза, неодговорно новинарство и ширење дезинформации кои го нарушуваат угледот на земјата и дури да ја попречат истрагата.

Не можам да поверувам дека некој е толку неинформиран, да не кажам глуп, туку се прави намерно да се остави лоша слика за Македонија и македонскиот народ, а Албанците веднаш да бидат прогласени жртви.

Потоа секако, откако ќе реагираме, ќе се извинат, ќе глумат лудило, демек било ненемарено, но штетата е веќе направена. Оваа вест е од 17 април и никој досега не ја сменил или избришал.

Всушност не само што оваа вест никој не ја сменил или избиришал туку и ако на Google напишете:

"The Albanian lake fishermen were found shot dead last week."

Ќе ви се појават 378 резултати, што значи дека истава оваа лажлива вест ја презеле и прикажале најмалку 378 медиуми (сигурно има и други кои реченицата малку ја промениле)!

3 comments:

Anonymous said...

Аргументи има па протерувањето на гркот е нај целисходно за да не прави други штети.Да не чекаме господ да му плаќа за навредата на децата.

Развигор said...

1. Канал 5 објави напис на темава, а АП објавила корекција што ја пренеле медиумите што им се клиенти, како Вашингтон пост.

2. Новинарот со грчко презиме не е странец, туку граѓанин на РМ така што повиците за негово протерување немаат смисла. Човекот е долгогодишен новинар и сигурно го знаат многу добро сите што работат по медиуми, така што приказната на Јанко дека тек сега као случајно дознал дека постои таков човек е малце... чудна, дури неверојатна.

Не знам што е Тесторидес по етничка припадност, но и многу етнички Македонци (егејци) имаат грчки презимиња - како што има Македонци со презимиња со „српската“ наставка -иќ и „бугарската“ -ов.

3. Веројатно не е ништо крив лично, во претходните написи потпишани од него известувањето е сосем коректно. Според Канал 5, неточноста е направена на друго ниво.

Ivana said...

Јас пак другачие го гледам...
Не се жртвите Албанци... туку езерото на кое што ловеле е албанска територија, албанско езеро...

"Рибари на албанското езеро..."

Не знаеш што е полошо...