Friday, April 06, 2012

Јас сакаме, ама не ја сакаме

Трагикомично е тоа што ни порачуваат дека ја сакаат Македонија во НАТО, а во исто време ја блокираат зад маската на апсурдниот спор со името кој, на сите им е јасно оти, непринципиелно е наметнат од страна на Грција.

Курир (Вторник, 28 Февруари 2012), изјава на Пол Волерс:

Нема земја која повеќе од САД сака Македонија да стане членка на НАТО, но за да се постигне тоа треба да се реши спорот за името.

Доколку ја сакаат Македонија во НАТО, решението е многу едноставно и за него имам пишувано неколку пати претходно (Прекршувањето на Времената спогодба од страна на Грција*):

- Република Грција согласно Времената спогодба ја призна Република Македонија под привремената референца, а сега спротивно на тоа се противи на членство на Република Македонија во НАТО и Европската Унија под истата таа референца која грчките власти во 1995 година ја признаа.
- Приемот на Република Македонија во НАТО и ЕУ под привремената референца со ништо нема да ги запре преговорите затоа што Република Македонија согласно Времената спогодба (артикл 5) се согласила на тоа.
- И дека во Времената спогодба Република Грција се обврзува да не го попречува приемот на Република Македонија во меѓународни организации под привремената референца, како и тоа дека се согласила во партнерство со Европската Унија економски да ја подржува Република Македонија.

Во спортивно нека не нè залажуваат и нека ни кажат дека вратите за Македонија во НАТО се затворени за да си бараме друго решение.


*дел од писмо испратено меѓу другите и на амбасадорот на САД во ООН

англ: Interim Accord violated by Republic of Greece

No comments: