Thursday, April 05, 2012

106 годишнина од смртта на Ѓорѓи Сугарев

Одбележување на 106 годишнината од смртта на битолскиот војвода Ѓорѓи Сугарев

Здружението „Дамјан Груев“ од Битола своите активности ги насочува кон афирмација и негување на илинденските вредности, настани и личности. Во склоп на тие одбележувања е и чествувањето на годишнината од смртта на македонскиот револуционер, соборец на Даме Груев, битолскиот војвода Ѓорѓи Сугарев.

Во соработка на:

Здружение на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев - Битола, Македонското Научно Друштво - Битола, НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола

На ден 6 април 2012, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола ќе се организира:

Комеморативна академија по повод 106 годишнината од загинувањето на битолскиот војвода Ѓорѓи Сугарев

Програма:

Настап на вокално-инструменталниот камерен состав „AD LIBITUM ART ", Диригент д-р Екатерина Јосифовска

Учествуваат со свои излагања: м-р Јован Кочанковски, проф. Ѓорѓи Димовски-Цолев, проф. Здравко Божиновски.

Рецитал: Билјана Павлоска

Во склоп на Комеморативната Академија ќе се одржи изложба на книги и статии објавени во печатот, во реализација на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола.

No comments: