Wednesday, April 04, 2012

Лажи, лажи, лажи кој ќе лажеш

Вчера (03.04.2012) Сител пренесе нова изјава (со старите невистини) на амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс:

Македонија може да влезе во северноатланскиот сојуз штом го реши спорот со името, изјави денеска амбасадорот Пол Волерс.

Македонија може да стане членка на НАТО и сега, затоа што барањето за преименување на Македонија не е предуслов за членство во НАТО. Тоа е непринципиелно и нелегитимно барања на една нивна неодговорна земја членка, а сите оние земји кои го толерираат тоа непринципиелно и нелегитимно барање со самото тоа го прекршуваат меѓународното право.


Не знам кој му е филмот на овој Волерс. Веројатно повторувајќи една лага сто пати сака истата да ја прикаже како вистина.

Потаму вели:

Ние веќе сме кажале дека никој не сака повеќе од Америка и од претседателот Обама, Македонија да влезе во НАТО.

Аха, ти поверува некој, нема грешка. Ако САД ја сакаа Македонија во НАТО, тогаш Македонија досега три пати ќе беше во НАТО. Особено откако Меѓународниот суд во Хаг потврди дека Грција ја прекршила времената спогодба во Букурешт и во услови кога согласно таа пресуда е кристално јасно дека Грција не смее да ја попречува Македонија за прием во меѓународни организации.

Веројатно треба да му се нацрта за овој човек да сфати дека невистините кои ги пласира нема така лесно да бидат проголтани.

2 comments:

Anonymous said...

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

НЕПРИФАТЛИВА Е СОЛИДАРНОСТА НА ВАШИНГТОН СО АТИНА ЗА ПРОМЕНА НА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

05 април 2012 година, Скопје, Македонија - Државното име Македонија е непроменливо, неприкосновено и неотуѓиво суверено право на македонскиот народ и граѓани!

Изјавата на американскиот амбасадор Пол Волерс за промена на државното име како услов за членство во НАТО при вчерашната посета на општина Гази Баба претставува навреда за Македонците во целиот свет и за граѓаните на Македонија!

Светскиот Македонски Конгрес од власта на Република Македонија бара итен и безусловен прекин на разговорите за промена на државното име Македонија и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка “Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик, туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“ со меѓународниот код МК односно МКД, независно од историските хипотеки и грчката окупација на јужна Македонија и геноцид врз македонскиот народ!

Ставот на американскиот амбасадор Пол Волерс во Македонија за членство на Македонија во НАТО под услов за промена на државното име Македонија претставува провокација за мирот и стабилноста во регионот.

Македонците го отфрлаат пристапувањето во НАТО, доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Вашингтон со Елада!

Одлуките на Меѓународниот суд во Хаг не се обврска само на страните во спорот, туку на сите членки на Обединетите Нации. Меѓународниот суд во Хаг со пресудата од 5 декември 2011 година, го суспендира суспензивното право на Грција за членството на Македонија во меѓународните организации и потврди, дека Македонија може да членува во сите меѓународни организации со своето државно име. Солидарноста со грчкото вето против членството на Македонија во НАТО и покрај пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, претставува прекршување на меѓународното право!

Светскиот Македонски Конгрес апелира до НАТО да се воздржи од евентуална дестабилизација на Македонија или симулации за рекомпонирање на власта со цел промена на државното име Македонија. Војната во 2001 година и бруталното убиство на македонскиот претседател Борис Трајковски во 2004 година не смеат да се репризираат, затоа што дестабилизацијата на Македонија може да го запали целиот Балкан и Европа!

Светскиот Македонски Конгрес очекува НАТО достојно да се однесува на македонското партнерство за мир и учеството на Македонија во мировните мисии на НАТО во светот, во спротивно Македонија треба да го преиспита повлекувањето на своeто учество во нив.

Anonymous said...

Миленко Неделковски

...во изминативе неколку месеци Македонскиот народ се соочи со серија навреди упатени или промовирани од страна на Амбасадорот на САД во Македонија, Неговата Екселенција Пол Волерс, сметам дека народот во оваа држава има право да праша што се крие зад тие изјави и акции.

Навредувачката “анимална“ кампања, непризнавање на правосилните и валидни пресуди на Меѓународниот (формиран од ООН) суд на правдата од Хаг, како и непочитувањето на барањето потпишано од 54 конгресмени (демократи и републиканци) од САД, е крајно вознемирувачко, навредливо и недемократско...