Tuesday, March 20, 2012

И ти немој да си свиња

Деновиве во ек е кампањата на Американската амбасада во Скопје, со која Über-луѓето кои недостатокот на оправдани каузи го компензираат со бомби и измами, со омаловажувачки тон нè подучуваат нас „глупавите“, дека не сме свињи, папагали и змии.

На еден билборд во Скопје стои напишано:

„Ти не си [прасе]. Почитувај го законот...“

Од ова поапсурдно не би можело да биде. Кога човек кој самиот не го почитува законот праќа ваква порака повеќе од јасни се неговите „искрени“ намери.

Имено амбасадорот на САД во Македонија, Волерс, кој сега нè учи оти треба да го почитуваме законот, не покажа ниту ронка почит кон меѓународното право и кон одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, според која Грција не смее да ја блокира Македонија во нејзините напори за зачленување во ЕУ и НАТО.

По тој повод Волерс изјави (Сител, 05.12.2011 - 14:22):

Македонија ќе може да стане членка на алијансата, кога ќе се реши прашањето со името, а како резултат на заклучокот од самитот во Букурешт во 2008, изјави американскиот амбасадор Пол Волерс, по донесувањето на пресудата во Хаг.

Замислете, човек кој сам не го почитува меѓународното право, сега нас подучува дека не треба да сме свињи и да ги почитуваме законите.

Ние ги почитуваме законите господине Волерс, вие не ги почитувате со тоа што влезот на мојата земја Македонија го држите барикадиран и условен од непринципиелното и незаконско барање за промена на името!

Затоа со написов му упатуваме порака во нему својствен стил и му порачуваме дека не само што не сме свињи и ги почитуваме законите, туку дека и тој не треба да биде свиња и уште веднаш да започне да го почитува меѓународното право.

4 comments:

Anonymous said...

Миленко Неделковски

Да си немаме расправии и недоразбирања. Вистината на виделина, веднаш.
USAID во Македонија на 27-ми февруари објави дека финансиски ќе поддржува проект вреден 2,5 (два-и-пол) милиони долари во наредните 30 месеци. Името му е “Проект за цивилно општество“!!! Бре мајка та. Мислев ќе финасираат нешто за “Окупирај го Вол стрит“?!
Чудно, веднаш ова ми асоцира дека 30-те месеци кореспондираат со отчукувањето на часовникот до локалните избори.

Значи, американците и Пол Волерс пак ќе се мешаат. Пак ќе го протежираат СДСМ.
Да сме на јасно другар Волерс. Вие значи, ќе ги протежирате комунистите, тие што не сакаат лустрација?! Тие (лично или нивните родители) што биле соработници на КОС и УДБА?
Знаат ли американските даночни обврзници за оваа работа?

Другар ВОЛерс, знаат ли американсите даночни обврзници дека се спремате да ја рушите легитимно избраната власат во Р. Македонија?

Оди бе фраер. Ти ли ќе ми ја растураш државата?

Anonymous said...

Не биди прасе, не биди теле

„Не биди теле..., не биди прасе..., не биди змија...“, се само некои од наводно мудрите пораки со кои треба да се издигне свеста на граѓаните на Република Македонија за почитување на правниот систем на државата. Чудно, тоа се одвива во денови кога, на пример, сите медиуми во Македонија објавија пораст на поднесувањето на даночните пријави од 10 на 160 илјади во последните осум години ...

Anonymous said...

„On one of these pictures, we see the following text: “Ambassador, don’t be a… (a photo of a pig comes next to the text) - respect the international law. According to the judgement of the International Court in The Hague, Macedonia may become a full NATO and EU member“ - focus-fen.net

Anonymous said...

На едната снимка има прасе и под нея пише: "Посланик Уолърс, не бъди прасе – Уважавай международното право. Според решението на Международния съд в Хага, Македония може без проблем да стане пълноправен член на ЕС и НАТО" - (Валери Зайцев) novini.bg и newsmaker.bg