Во врска со иницијативата за преименување на неколку улици во Битола, претседателот на огранокот на ЛДП во Битола, Валентин Груевски, се изјасни дека е против. Како прва од повеќето причини кои ги наведе на прес конференцијата (02.02.2012) е:
Ваквата реакција на претседателот на огранокот на ЛДП во Битола е легитимна и оправдана, единствено нешто кое што загрижува е немањето на чувство за пропорција. Ако оваа партија вака реагира на преименувањето на имињата на неколку улици, тогаш треба секој ден да држи прес конференции против барањата на нашиот јужен сосед за менување на името на Република Македонија.
Ако промената на имињата на неколку улици, претставува "огромен финансиски товар", тогаш за колкав финансиски товар зборуваме доколку не дај боже дојде до промена на името на цела држава?
Во првиот случај проблемот е за неколку стотици или илјади граѓани, во вториот случај проблемот е за над два милиони граѓани! И за оние кои се "ПРОТИВ" промена на името и за оние кои се "ЗА" промена на името. При евентуална, не дај боже промена на името на Република Македонија, сите граѓани, без оглед на пол, вера, возраст и етничка група ќе треба од џеб да си ги платат трошоците за промена на своите документите (лични карти, пасоши, имотни листови, услуги во банки, катастарски услуги, седиште на фирми).
Затоа оние кои се "ЗА" промена на името на Република Македонија, нека помислат дали тоа навистина им одговара и е во нивна корист.
1. Toa ќе претставува огромен финансиски товар за граѓаните на Битола (лични карти, пасоши, имотни листови, услуги во банки, катастарски услуги, седиште на фирми). Објаснувањата дека граѓаните нема да имаат трошок се наивни и се далеку од вистината.
Ваквата реакција на претседателот на огранокот на ЛДП во Битола е легитимна и оправдана, единствено нешто кое што загрижува е немањето на чувство за пропорција. Ако оваа партија вака реагира на преименувањето на имињата на неколку улици, тогаш треба секој ден да држи прес конференции против барањата на нашиот јужен сосед за менување на името на Република Македонија.
Ако промената на имињата на неколку улици, претставува "огромен финансиски товар", тогаш за колкав финансиски товар зборуваме доколку не дај боже дојде до промена на името на цела држава?
Во првиот случај проблемот е за неколку стотици или илјади граѓани, во вториот случај проблемот е за над два милиони граѓани! И за оние кои се "ПРОТИВ" промена на името и за оние кои се "ЗА" промена на името. При евентуална, не дај боже промена на името на Република Македонија, сите граѓани, без оглед на пол, вера, возраст и етничка група ќе треба од џеб да си ги платат трошоците за промена на своите документите (лични карти, пасоши, имотни листови, услуги во банки, катастарски услуги, седиште на фирми).
Затоа оние кои се "ЗА" промена на името на Република Македонија, нека помислат дали тоа навистина им одговара и е во нивна корист.
No comments:
Post a Comment