Wednesday, January 18, 2012

Протестна нота за Порта Македонија !?

Во врска со изградбата на Порта Македонија, според информации на Канал 5 грчките власти ќе испратат протестна нота до македонското МНР.

Канал 5 (Сања Ристовска 12.01.2012):

Протестна нота за портата „Македонија“ ќе испрати грчкото до македонското МНР. Нашата влада не само што не била конструктивна, и не покажувала волја за решение, туку и паралелно преземала активности во рамките на проектот„Скопје 2014“, меѓу кои и портата за која ќе реагираа грчкото МНР - ова денеска го соопшти портпаролот на министерството.

Причините за ваквата протестна нота која би ни ја упатиле јужните соседи за Портата Македонија не се регулирани во Времената спогодба.

Но за разлика од ова во Времената спогодба е регулирано нешто друго:

Времена спогодба (член 7):

3. Ако која било од страните смета дека еден или повеќе симболи кои претставуваат дел од нејзиното историско или културно наследство се користат од страна на другата Страна, таа ќе и го предочи тоа на другата Страна, и другата Страна ќе превземе соодветни корективни активности или ќе објасни зошто не сметаат дека е неопходно да го стори тоа.

Наместо постојано да се браниме од грчките барања, вета и протестни ноти, пожелно е ние да ја превземеме иницијативата и да побараме од Грција да престане да ги користи нашите национални симболи како шеснаесеткракото македонски сонце (тн Сонце од Кутлеш).

Според Времената спогодба ние не смееме да го користиме овој симбол, но тоа не пречи да побараме и тие да не смеат да го користат. Според Времената спогодба ова право им стои на располагање на македонските власти. Грција едвај ли би го прифатила таквото наше барање, но доколку мудро се искористи истото би било добра алатка за вршење притисок во врска со спорот за името.

1 comment:

Anonymous said...

МАКЕДОНСКАТА УПОРНОСТ И ТРПЕНИЕ, СПАС ОД ХЕЛЕНСКОТО НАЦИ-ФАШИСТИЧКО ДИВЕЕЊЕ!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

И тоа го чувме. Атина протестира поради Триумфалната порта МАКЕДОНИЈА, затоа што на неа, меѓу другото, е претставено сонцето од Кутлеш и други релјефи со кои, според Атина, се прекршуваат Привремената спогодба и условите за добрососедски односи (?!) Оваа протестна нота вчера до македонското Министерство за надворешни работи ја врачила грчката амбасадорка Александра Пападопулу, само една недела по протестната нота за Карневалот во Вевчани.

Во Уставот на Грција од 1827 година пишува дека „Грк е секој христијанин кој живее во Грција“. Дали Грција поради тоа има право крстот да го прогласи за свое културно наследство, како што посакува монопол врз културно-историското наследство на Македонија, затоа што 51% од неа окупира (за првпат во својата историја од 1821 година) во Балканските војни 1912-1913 година? И утре да ни бараат да не се крстиме?!

Зарем Грција „националистичкото однесување во минатото“ го бара во Македонија? Па Македонија не ја окупира Грција?! Македонија не изврши геноцид врз грчкиот народ?! Македонците и Македонија не ги започнаа Првата и Втората Балканска војна во 1912-1913 година?! Македонците не фрлаа напалм бомби врз Грамос и Вичо во 1948 година?! Окупација врз Македонија изврши Грција! Геноцид врз македонскиот народ изврши Грција од Балканските војни 1912-1913 година кој се врши до денес! Грчкиот крал Горгиос Први (Данец по потекло) на 31 декември 1912 година издаде декрет до Владата во Атина „за воспоставување на времена управа во окупираните територии во Македонија“!

Точно е дека во членот 7 од македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година се вели, оти „... Ако која било од страните смета дека еден или повеќе симболи што сочинуваат дел од нејзиното историско и културно наследство несоодветно се користи од другата страна, ваквото наводно користење ќе и’ го предочи на другата страна...“

Со едностраното читање на Привремената согласност, Атина вели дека Македонија ја прекршува неа затоа што „користи дел од историското и културното наследство на Хеленската Република“. Патем, Атина смета дека Македонија е хеленска и претставува дел од хеленското историско и културно наследство?!

Но, факт е, дека токму Меѓународниот суд во Хаг ја осуди Хеленската Република за прекршување на членот 11 од македонско-грчката Привремената согласност поради хеленската злоупотреба на правото на вето за членство на Македонија во ЕУ и НАТО!

Меѓународниот суд во Хаг потврди дека Македонија не ја прекршила Привремената согласност и дека неосновани се обвинувањата на Атина дека Македонија користи дел од историското и културното наследство на Хеленската Република!

Меѓународниот суд во Хаг го суспендира суспензивното право на Хеленската Република против Македонија во меѓународните организации каде што Хеленската Република веќе е членка! Пресудите на Меѓународниот суд во Хаг не се обврска само на земјите во спор, туку на сите земји членки на Обединетите Нации! Оттука, суспензијата на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг истовремено претставува прекршување на меѓународното право!

Затоа, од една страна, се поставува прашањето, како може Хеленската Република да протестира пред ЕУ и НАТО против Македонија со „обвинување“ за македонско непочитување на македонско-грчката Привремена согласност за шеснаесет-зрачното сонце, кое Хеленската Република го смета за свој „патент“, иако го има во сите цркви и манастири, се наоѓа на сите арехолошки локалитети на територијата на државата Македонија (не само во окупираните делови на Македонија од соседните земји), а од друга страна, продолжува со суспензијата на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг против Хеленската Република за прекршување на членот 11 од истата таа Привремена согласност?!