Зошто гласав за вториот предлог решение за реконструкција на фасадата на објектот на Владата на Република Македонија:
Затоа што дизајнот е едноставен и функционален, без излишни елементи кои ќе чинат и дополнителни сретства, а воедно и ќе ја намалат функционалноста на објектот со попречувањето на влезот на природната сончева светлината во истиот.
Според мене ова идејно решение минимално го менува, односно само го осовременува постојниот изглед на објектот кој да не заборавиме дека е дело на жив автор-архитект.
Најмногу соодветствува на денешното време, а за мене тоа е една од главните поенти на уметноста - делото да е белег на времето во кое е градено, а не да биде носталгичарско навраќање на градбите од некое "златно време" или субститут за некое пропуштено време.

No comments:
Post a Comment