Monday, December 05, 2011

Македонија ја победи Грција во Хаг

Судот во Хаг донесе пресуда во корист на Македонија во врска со прекршувањето на времената спогодба од страна на Грција. На НАТО самитот во Букурешт, Романија, Грција стави вето за влез на Македонија во таа организација, што претставува јасно кршење на времената спогодба потпишана во 1995 година, во која Грција се обврзува да го блокира членство на Македонија во некоја организација, во која Грција претходно станала член, и да ѝ дозволи Македонија да се зачлени под временото име, односно под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија.

Поради фактот дека Македонија иако ги исполни сите услови за влез во НАТО, Грција сепак стави вето и Македонија извиси на НАТО состанокот во Букурешт. Република Македонија се одлучи да ја искористи правната можност за да докаже дека времената спогодба е прекршена од страна на Грција и поднесе тужба во судот на правдата во Хаг, Холандија.



Извор Fingerprint

No comments: