Писмо до одговорните во ЕУ и НАТО и до нивни земји членки, во врска со постојаното прекршување на Времената спогодба од страна на нивната земја членка Република Грција (на ден пред меѓународниот суд во Хаг да се произнесе за тужбата), и за моментално најверојатниот и најбрз можен начин за прием на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Хозе Баросо, претседател на европската комисија
jose.barroso@ec.europa.eu
Европска комисија за проширување
elarg-info@ec.europa.eu
Делегација на ЕУ во Македонија
delegation-fyrmacedonia@eeas.europa.eu
НАТО - контакт форма
Амбасада на САД во Македонија
EmbSkoWebM@t-home.mk
consularskopje@state.gov
Амбасада на Франција во Македонија
franamba@nic.mpt.com.mk
Амбасада на Германија во Македонија
dtboskop@unet.com.mk
dt.boskop@mol.com.mk
...
Почитувани,
Во врска со Република Македонија, наметнатиот апсурден спор со името и најлесниот начин за членство на земјата во Европската Унија:
За разлика од 1995 година кога го премолчеа приемот на нивната земја во ООН не под уставното име како што е правилно, туку под привремената референца, Македонците денес пробните балони за промена на име ниту ги премолчуваат, а промена на име нема никогаш да дозволат.
За разлика од 1995 година кога Република Македонија беше млада земја без искуство, во нејзино соседство се водеа војни, а нејзините граѓани беа исплашени и не доволно информирани, денес националното чувство на Македонците е на највисоко можно ниво, а увереноста во нивниот македонски идентитет е нешто што никој не може да го промени.
Размислете самите дали вие би дозволиле вашата земја да биде преименувана затоа што некоја друга земја тоа го бара. И Македонците размислуваат исто како вас и ништо помалку не ја сакаат нивната земја одошто вие си ја сакате вашата.
Не само што под сечие достоинство е под уцена да се прифати промена на името на својата земја, но е и во спротивност со здравиот разум.
До кога Европската Унија и НАТО ќе ги толерираат овие барања за етноцид на Македонците и ништење на сè што е македонско од страна на нивната членка Република Грција. Дали еден ден Европската Унија и НАТО нема да се срамат од нивната игнорантност?
Доколку Вие вистински, а не само декларативно сакате Република Македонија да стане ваша полноправна земја членка, наместо за апсурдниот наметнат спор од страна на Република Грција, да барате да се реши што побрзи подобро преиспитајте ја таа позиција затоа што до тоа посакувано решение за Република Грција за целосно обезимување и обезличувње на Република Македонија не се стигна ниту за две децении, а нема да се стигне ни за уште толку.
Доколку не сакате Република Македонија да остане единствено парче во Европа кое нема да биде дел од Европската Унија и од НАТО поради непринципиелноста на самите организации и геноцидните барања на една нивна земја членка, наместо да барате Република Македонија да си го смени името и да си изврши идентитетско самоубиство, преземете чекори за почитување на меѓународното право односно времената спогодба според која нема пречки, доколку Република Македонија ги исполнува условите да ги започне преговорите, а потоа и да биде примена во Унијата и НАТО под привремената референца.
Одговорните во ЕУ кои тврдите дека истата таа Унија е збир на различни идентитети наместо да бараат обезличување од една земја треба да сторат сè што е во нивна моќ за да го зачуваат тој идентитет. Затоа што тој засебен идентитет колку што им припаѓа на Македонците исто толку ќе и припаѓа и на Европската Унија откако Република Македонија ќе стане полноправна земја членка.
Дали идните генерации и историјата ќе веруваат на сегашни залагања за Европа без граници и Европа во која сите идентитети се почитуваат во услови кога земјите членки на ЕУ сега го толерираат барањето на една земја членка на ЕУ и НАТО да ја присили мирољубивата Република Македонија да се обезличи и ја блокира при приемот во Европската Унија и НАТО. Истата таа земја членка на Еввропската Унија и НАТО не само што е пречка за приемот на Република Македонија во Унијата и НАТО туку и самата нанесе огромна економска штета на целата Еврозона и за угледот на НАТО со ставањето на вето за прием на Република Македонија на самитот во Букурешт.
Доколку Република Грција својот фокус наместо кон преименување на Република Македонија го насочеше кон својата економија и гломазна администрација, можеби и немаше да се дојде до ситуација пред банкрот во која сите граѓани на Европската Унија мораат да се жртвуваат за да ја спасат.
Не бараме од вас прогледување меѓу прсти и заобиколување на правилата кога е во прашање нашата земја туку напротив. Бараме и за Република Македонија да важат истите правила за прием во ЕУ и НАТО, а не да се поставуваат нови услови како апсурдниот спор со името.
Сакаме да нагласиме дека спорот со името веќе еднаш беше решен и тоа во 1995 година со потпишување на привремената спогодба (UNITED NATIONS, Document 95-27866, NEW YORK, 13 September 1995) кога Република Грција ја призна Република Македонија под привремената референца:
Исто така Република Грција се обврза (повторувам се обврза!) да не го попречува (не само да не става вето, туку и да не го попречува!) приемот на Република Македонија во меѓународните институции кога е под привремената референца:
Наместо да барате решение до кое нема шанси да се дојде имајќи ја предвид апсурдноста на целиот овој спор за името, имајќи ги предвид грчките максималистички барања кои навлегуваат и во уставното име, јазикот, нацијата и идентитетот на Република Македонија, како и кристално јасната национална свест на Македонците, доколку вие вистински сакате Македонија да стане земја членка на Европската Унија и НАТО, тогаш треба да се погрижите времената спогодба да се почитува при приемот на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Во услови кога сега не се почитува ваквиот договор (Времената спогодба) кој што го потпишале двете земји кој би бил гарантот дека и да се дојде до нов договор истиот ќе биде почитуван и во иднина од страна на Република Грција.
Република Македонија со Времената спогодба направи огромен компромис со тоа што дозволи наместо под уставното име да биде примена во Обединетите Нации под привремената референца, а исто така и се откажа од своето демократски избрано знаме поради тврдењето ексклузивитет над тој симбол од страна на Република Грција.
Република Македонија со потпишувањето на Времената спогодба таа голема жртва ја направи со цел да не биде попречувана од страна на соседот за приемот во ООН и во другите меѓународни оргнизации (како ЕУ и НАТО). Во случајот со приемот на Република Македонија во Европската Унија засега се покажува дека таа жртва била напразна и неоправдана.
Време е да и ставите до знаење на Република Грција дека освен правата што ги добила со времената спогодба таа исто така си презела и обврски кои мора да ги почитува.
Согласно Времената спогодба Република Македонија може да ги отпочне преговорите за членство во Европската Унија и НАТО под привремената референца, а Република Грција не смее да се противи на тоа затоа што во времената спогодба како што беше кажано погоре се обврзала:
Со приемот на Република Македонија во ЕУ и НАТО, преговорите со Република Грција нема да запрат, туку напротив ќе продолжат затоа што и двете земји се обврзале на тоа во Времената спогодба. Според ова сценарио нема да има ниту победници ниту поразени, што значи дека Република Грција нема ништо да изгуби. Моменталната владеачка гарнитура во Република Грција на грчката јавност, приемот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО ќе го објасни со преземените обврски од Времената спогодба, а со истата причина и македонските власти на своите граѓани ќе објаснат дека приемот не е под уставното име туку под привремената референца.
Почитувањето на Времената спогодба во вакви услови се покажала како најефикасна практика што може да се види и од резултатите - членството на Република Македонија во други меѓународни организации каде што Република Грција е членка.
Доколку Времената спогодба не се почитува и не станеме членка на Европската Унија и НАТО тогаш ништо не не спречува нас граѓаните на Република Македонија да покренеме барање до македонските власти за прогласување на истата за неважечка, враќање на старото знаме и прием во ООН под уставното име.
Доколку Република Македонија се држи во заложништо и патот кон Европската Унија и НАТО се држи затворен поради апсурдниот спор со името наметнат од страна на една ЕУ и НАТО земја членка тогаш нема да е далеку денот кога евроскептицизмот меѓу нејзините граѓани ќе нарасне до таа мера што неопходно ќе биде да се побара алтернатива. Нема дилема дека Македонците нема вечно да ја толерираат неодлучноста на Европската Унија и НАТО во врска со приемот на Република Македонија. Прашање е дали Европската Унија и НАТО вечно ќе ја толерира каприционоста на една нивна земја членка која со своите барања го кочи процесот на проширување на Унијата и НАТО.

Upon entry into force of this Interim Accord, the Party of the First Part (Greece) recognizes the Party of the Second Part (Macedonia) as an independent sovereign state, under the provisional designation.
Исто така Република Грција се обврза (повторувам се обврза!) да не го попречува (не само да не става вето, туку и да не го попречува!) приемот на Република Македонија во меѓународните институции кога е под привремената референца:
1. Upon entry into force of this Interim Accord, The Party of the First Part (Greece) agrees not to object to the application by or the membership of the Party of the Second Part (Macedonia) in international, multilateral and regional organizations and institutions of which the Party of the First Part is a member;
Наместо да барате решение до кое нема шанси да се дојде имајќи ја предвид апсурдноста на целиот овој спор за името, имајќи ги предвид грчките максималистички барања кои навлегуваат и во уставното име, јазикот, нацијата и идентитетот на Република Македонија, како и кристално јасната национална свест на Македонците, доколку вие вистински сакате Македонија да стане земја членка на Европската Унија и НАТО, тогаш треба да се погрижите времената спогодба да се почитува при приемот на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Во услови кога сега не се почитува ваквиот договор (Времената спогодба) кој што го потпишале двете земји кој би бил гарантот дека и да се дојде до нов договор истиот ќе биде почитуван и во иднина од страна на Република Грција.
Република Македонија со Времената спогодба направи огромен компромис со тоа што дозволи наместо под уставното име да биде примена во Обединетите Нации под привремената референца, а исто така и се откажа од своето демократски избрано знаме поради тврдењето ексклузивитет над тој симбол од страна на Република Грција.
Република Македонија со потпишувањето на Времената спогодба таа голема жртва ја направи со цел да не биде попречувана од страна на соседот за приемот во ООН и во другите меѓународни оргнизации (како ЕУ и НАТО). Во случајот со приемот на Република Македонија во Европската Унија засега се покажува дека таа жртва била напразна и неоправдана.
Време е да и ставите до знаење на Република Грција дека освен правата што ги добила со времената спогодба таа исто така си презела и обврски кои мора да ги почитува.
Согласно Времената спогодба Република Македонија може да ги отпочне преговорите за членство во Европската Унија и НАТО под привремената референца, а Република Грција не смее да се противи на тоа затоа што во времената спогодба како што беше кажано погоре се обврзала:
1. Upon entry into force of this Interim Accord, The Party of the First Part (Greece) agrees not to object to the application by or the membership of the Party of the Second Part (Macedonia) in international, multilateral and regional organizations and institutions of which the Party of the First Part is a member;
Со приемот на Република Македонија во ЕУ и НАТО, преговорите со Република Грција нема да запрат, туку напротив ќе продолжат затоа што и двете земји се обврзале на тоа во Времената спогодба. Според ова сценарио нема да има ниту победници ниту поразени, што значи дека Република Грција нема ништо да изгуби. Моменталната владеачка гарнитура во Република Грција на грчката јавност, приемот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО ќе го објасни со преземените обврски од Времената спогодба, а со истата причина и македонските власти на своите граѓани ќе објаснат дека приемот не е под уставното име туку под привремената референца.
Почитувањето на Времената спогодба во вакви услови се покажала како најефикасна практика што може да се види и од резултатите - членството на Република Македонија во други меѓународни организации каде што Република Грција е членка.
Доколку Времената спогодба не се почитува и не станеме членка на Европската Унија и НАТО тогаш ништо не не спречува нас граѓаните на Република Македонија да покренеме барање до македонските власти за прогласување на истата за неважечка, враќање на старото знаме и прием во ООН под уставното име.
Доколку Република Македонија се држи во заложништо и патот кон Европската Унија и НАТО се држи затворен поради апсурдниот спор со името наметнат од страна на една ЕУ и НАТО земја членка тогаш нема да е далеку денот кога евроскептицизмот меѓу нејзините граѓани ќе нарасне до таа мера што неопходно ќе биде да се побара алтернатива. Нема дилема дека Македонците нема вечно да ја толерираат неодлучноста на Европската Унија и НАТО во врска со приемот на Република Македонија. Прашање е дали Европската Унија и НАТО вечно ќе ја толерира каприционоста на една нивна земја членка која со своите барања го кочи процесот на проширување на Унијата и НАТО.
No comments:
Post a Comment