Оваа година ќе остане значајна за уште еден настан: Македонија воспостави дипломатски односи со Намибија, под уставното име.
MFA. gov.mk:
Благодариме Намибија!
MFA. gov.mk:
"Република Македонија и Република Намибија, денес попладне во Њујорк, воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
Амбасадорите на двете земји при Обединетите нации, Пајо Авировиќ и Вилфрид Емвула, го потпишаа Заедничкото соопштение, кое што понатаму, согласно протоколот на Обединетите Нации, ќе биде дистрибуирано до сите земји членки.
Односите меѓу двете држави, според Соопштението, ќе се развиваат согласно принципите на заемно почитување, пријателство, немешање во внатрешните работи, како и признавање на територијалниот интегритет и суверенитет на двете земји. Воедно, со овој чин, се отвараат широки можности за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Намибија во сите области од заеднички интерес.
Намибија е 133-тата земја која официјално го призна уставното име на Република Македонија."
Благодариме Намибија!
No comments:
Post a Comment