Saturday, December 24, 2011

Тетовско Кале со албански етнички симболи ???

Протестно писмо до повеќе институции во врска со новопоставените етнички симболи на споменикот на културата од доцната антика и од османлискиот период - Тетовско Кале.

Доколку ја подржувате оваа иницијатива пратете и ви протестни писма на посочените (и други) адреси.

(Фотографијата е превземена од MacedonianSpark)



До
Министерство за култура
info@kultura.gov.mk или контакт форма

До МАНУ (секретаријат)
manu@manu.edu.mk

Јавен обвинител на Република Македонија
jorm@jorm.org.mk

Почитувани,
Во врска со новопоставените албанскиот етнички симболи - двоглав орел, на отворите на Тетовското Кале сакаме да упатиме апел до Вас да влијаете за да се отстранат.

Најстарите ѕидини на Тетовското Кале датираат од IV-III век пне и се надградени во доцноантичко време. Калето својот конечен облик го добива за време на средниот век и владеењето на Отоманската Империја, поточно за време на Отоманскиот император Абдурахман паша, во околу 1820 година.

Сметаме дека поставување на албански етнички симболи е со цел да се добие впечаток дека Калето е албанско етничко културно наследство, нешто за што нема докази.

Тетовското Кале е споменик на културата на Република Македонија, заштитен уште во 1953 година и како таков мора да се чува и негува во неговиот автентичен облик, а не со додавање на наводно естетски елементи и етнички симболи кои никогаш претходно не постоеле таму.

No comments: