Sunday, November 20, 2011

Google Maps say Macedonia!

Веќе подолго време на Google Maps, нашата татковина е напишана како "Macedonia (FYROM)". Ниедна од досега превземените иницијативи нема вродено со плод, односно со бришење на акронимот од привремената референца. Се надевам дека оваа иницијатива ќе биде со различен резултат, бидејќи Google Maps е важен извор на информација од кој многу луѓе ширум светот дознаваат за Македонија.

Па доколку ви пречи акронимот од привремената референца на Google Maps, постапката за да помогнете во оваа битка е следната:

Со праќање на известување (протестно писмо) до одговорните луѓе во Google Maps за ова, преку формата "Report a problem".

Постапка:

1 Одење на страната Google Maps.
2 Лоцирање на Македонија на мапата.
3 Зумирање - два пати кликање на копчето + кое се наоѓа лево.
4 Кликање на "Report a problem" (се наоѓа долу десно).
5 Повлекување на стрелката точно на картата на Македонија (доколку не е).
6 Во "Select an element" се бира "other".
7 Во полето "Problem description" на англиски јазик се пишува протестното писмо, односно барањето Македонија да биде именувана само како Македонија без додатниот акроним од привремената референца.
8 Кликање на "Report a problem".

Доколку имате прашање или сугестија во врска со постапката и/или иницијативата слободно може да го оставите под овој блогпост.

Неколку аргументи кои може да ги искористите:

- Привремената референца не е име (!) туку привремена референца. Привремената референца според резолуција 817 е да се користи во рамките на ООН, а не вон ООН(!).

- Името на нашата земја е запишано во нејзиниот устав и тоа е Македонија (Република Македонија).

- Формално правно нашата земја го носи името Македонија не од осамостојувањето во 1991 година, туку многу порано (1944), како една од Републиките во СФРЈ (Н.Р. Македонија, С.Р. Македонија) што лесно може да се провери и потврди и што тогаш не им пречело на грчките власти.

- Граѓаните на секоја земја имаат право да си изберат име за земјата во која што живеат и Google е должен да го почитува тоа право и име.

- Со тоа што Google би ја именувал нашата земја со нејзиното вистинско име - Македонија (Република Македонија), со ништо не би им го ускратил правото на Грција на користење на името Македонија и од нивна страна, за означување на нејзиниот северен регион.

- Над 130 земји во светот (со околу 3/4 од светската популација) ја признаваат Македонија под уставното име. Меѓу нив се и САД, Канада, Индија, Русија, Кина, Бразил...

- Google како компанија со седиште во САД треба да се придржува кон надворешната политика на САД и да ја именува Македонија со нејзиното вистинско име.

- Именувањето на една земја спротивно од желбата и официјалното изјаснување на нејзините граѓани не само што е некомерцијална туку е и геноцидна одлука.

Доколку сакате иницијативата да биде успешна проширете ја и известете ги вашите пријатели на Нет. Обично ваквите компании одат во насока на помал отпор. Што поголем број на луѓе пратат протестно писмо толку поголеми се шансите нашата земја да биде заведена само како "Macedonia".

Поамбициозните може да помогнат и со пишување на аргументиран протестен коментар на оваа тема (или на други слични теми); и со давање на согласност со претходните промакедонски коментари (со кликање Yes под коментарот), односно несогласување со прогрчките коментари (со кликање No под коментарот).

Исто така поамбициозните може да пратат коментар во врска со проблемот со името преку оваа форма, со кликање на иконката што личи на балонче од стрип (comment) и потоа со оставање на протестен коментар.

1 comment:

Darko G. said...

Dear Sirs,

I am writing to you from Skopje, the capital of Macedonia, republic of, and that is the name of my country.

I have noticed that you refer to my country with other name, which is unnacceptable for following reasons:

The name of my country is Macedonia
http://www.sobranie.mk/en/default.asp?ItemID=9F7452BF44EE814B8DB897C1858B71FF
http://www.vlada.mk/?q=frontpage
http://www.president.gov.mk/en.html


The government of Tthe United States of America, Under which laws and whhere Google Inc is founded and who's desicions should respect, has recognised my country under its natural and ancient name.
http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/26759.htm#relations



I expect this disrespect toward my country, and disrespect toawarsd the laws of the United States of America to be corrected in shortest period of time.

Best regards,