Tuesday, October 11, 2011

ICSD кажа Македонија!

На 19 јули оваа година забележав дека на сајтот на International Committee of Sports for the Deaf нашата земја Република Македонија на листата земји членки е заведена под привремената референца.

Во врска со ова истиот ден се обратив до Националната спортска федерација на глуви на Македонија за да дознаам нешто повеќе:

Ви со обраќам по повод тоа дека Националната спортска федерација на глуви на Македонија на којашто Вие сте генерален секретар е запишана во http://www.deaflympics.com/ кадешто Федерацијата е член, не под уставното име на Македонија туку под привремената референца.

Не сакам со ништо ова да звучи како обвинување кон Вас. Свесен сум за дипломатските игри против нашата земја и за обврските кои нашата земја ги има преземено.

Прашањето ми е дали сте реагирале на ова, дали во таа организација во која сте примени има точка поради која мора Националната спортска федерација на глуви на Македонија да е заведена под привремената референца и кое е објаснувањето од нивна страна за тоа дека нашата земја е заведена не под уставното име, а под референцата...

По некој ден (22 јули) на моите прашања од страна на генералниот секретар на федерацијата Дамир Розман љубезно ми беше одговорено дека иако тие аплицирале за членство под уставното име Република Македонија и иако биле примени под тоа име сепак International Committee of Sports for the Deaf, нашата земја Македонија насекаде ја водел под привремената референца:

Oficijalno sekade ne vodat pod taa referenca iako vo clenstvoto i na svetskata i na evropskata federacija sme primeni pod ustavno ime i toa vo prisastvo na Grcija (so koi sme golemi sportski prijateli i nikogas na megjunaroden plan ne ni pravea problem).

Ми кажа и дека тие повеќе пати реагирале и дека ќе продолжат да реагираат за фиромизацијата да престане.

На 30 јули пратив протестно писмо до International Committee of Sports for the Deaf (до повеќе функционери) со барање да престанат да не ословуваат со референцата и да почнат да го употребуваат нашето име - Македонија:

On your web page http://www.ciss.org/about/contact.asp?ID=FM you are wrongly naming my country Macedonia as "Former Yugoslav Republic of Macedonia" and the e-mail of the federation of Macedonia is not with the name of my country Macedonia but with an acronym - fyrom@ciss.org.

Please writte only "Macedonia" as a name of my country and the e-mail of the macedonian federtion make it macedonia@ciss.org (instead of fyrom@ciss.org).

Во врска со бараето на 8 август ми беше одговорено дека ја користат привремената референца затоа што Македонија така се водела и во Меѓународниот Олимписки комитет:

ICSD complies with International Olympic Committee (IOC) listing of country names on our website.

На ова остро реагирав користејќи ги притоа следните факти:

- Привремената референца не е наше име, туку е привремената референца.

- Националната спортска федерација на глуви на Македонија има аплицирано за членство во International Committee of Sports for the Deaf не под привремената референца туку под името Македонија. Според ова легално се обврзани да не ословуваат не со референцата туку со името Македонија.

- Не доликува на интернационален комитет што меѓу другото се бори и против дискриминација, самиот да врши дискриминација кон некоја земја и народ.

Немајќи како да ги порекнат фактите ме упатија да се обратам до Националната спортска федерација на глуви на Македонија.

Им пратив и трето писмо во кое објаснив дека не Националната спортска федерација на глуви на Македонија е виновна, туку дека тие, International Committee of Sports for the Deaf, се оние кои неоправдано ја фиромизираат Македонија.

По ова ништо не ми одговорија.

Денес повторно (по друг повод) отидов на нивниот сајт и случајно забележав дека сега нашата земја не е повеќе заведена под буквата Ф и под привремената референца туку под буквата М и под нашето вистинско име - Македонија!

Порано - Cashed












Сега - врска





Честито уште една успешна дефиромизација на Интернетот (проблем останува акронимот во мејлот, ама се надевам дека и тоа ќе го исправат наскоро). За како ICSD отсега ќе ја ословува нашата земја и на официјалните натпревари останува да видиме.

No comments: